Баерн и Борусија пак во трка

Ниту новата сезона во Бундес лигата нема да донесе ништо ново во поглед на тимовите кои ќе се борат за титулата. Екипите кои во последните неколку сезони се главни кандидати за сите пехари повторно ќе се најдат во главна улога и од нив ќе се очекува битка за трофејот во првенството, но и во Купот на Германија.

Ако се погледне традицијата тогаш сосема извесно е дека Баерн е во предност. И минатата сезона тргна со победа на Борусија Дортмунд во Купот на Германија, но веднаш после ова стана јасно дека „баварците“ ќе избијат во преден план.

Токму поради овој факт Баерн Минхен е со предност пред стартот на новата сезона. Ако се знае дека Пеп Гвардиола е мајсторот за трофеи тогаш не изненадува зошто на овој тим му се дава предност во однос на Борусија Дортмунд.

ЛЕВАНДОВСКИ ПО СТАПКИТЕ НА ГЕТЦЕ

И во ова лето се случи играч на Борусија Дортмунд да се пресели во редовите на Баерн Минхен. Уште во јануари беше добро познато дека Роберт Левандовски ќе ги замени клупските бои, а тој ќе биде еден од адутите на Гвардиола во новата сезона.

Левандовски е играч кој одлично ги познава условите во германскиот фудбал, па затоа ова засилување беше вистинскиот потег за Баерн Минхен.

ЗА ИМОБИЛЕ Е ПЛАТЕНО НАЈМНОГУ

Борусија Дортмунд трошеше најмногу во преодниот рок, а со тоа го донесе и играчот за кој е платена најголема сума. Сепак, во споредба со трансферите во Шпанија и во Англија тоа е смешна сума. За Чиро Имобиле „милионерите“ платија само 19,4 милиони евра.

И со тоа тој е број 1 на листата, а дефинитивно во подготвителниот период докажа дека е одлично засилување за тимот на Борусија Дортмунд.

ТРАНСФЕР ПРОЗОРЕЦОТ УШТЕ Е ОТВОРЕН

Со оглед на тоа што има простор за уште трансфери лесно може да се случи во следната недела да бидат поправени бројките односно да дојде до измена на листата на најголеми трансфери.

Најавено е дека Баерн може да го ангажира Кедира или Годин. Лесно може да се случи и Марко Ројз да ја напушти Бундес лигата и да се пресели во Шпанија.

Тоа се само дел од звучните трансфери кои би можеле да се случат до 31 август, а со тоа дефинитивно и бројките кои се актуелни во моментов ќе бидат изменети.

ГВАРДИОЛА ПРОТИВ КЛОП

Ова ќе биде уште една сезона во која Жозеп Гвардиола ќе може да се надмудрува со Јирген Клоп. Сосема јасно е дека Гвардиола го жртвуваше Супер купот во кој играше со сосема нов среден ред. Практично дозволи Борусија да си поигра, но дефинитивно од денеска ќе биде друга приказна. Баерн нема да биде тимот кој играше на тој меч и сигурно ќе има далеку посериозна игра.

Што се однесува до Клоп, тој ќе може да смета на уште неколку играчи, па сигурно е дека ќе се обиде да го одржи тимот на колку е можно повисоко ниво. Целта е дефинитивно сезоната да се одлучи во директна пресметка со Баерн.

БУНДЕС ЛИГА ОД 1963 ГОДИНА

Во овој формат шампионатот на Германија се игра од 1963 година. Тогаш тргна Бундес лигата и истата опстојува веќе 50 години. Максималниот број на трофеи во серија е три, а со хет-трик може да се пофалат само две екипи. Инаку, досега четирипати некој тим победил со ваква серија.

Првпат Баерн Минхен успеа да дојде до три победи по ред од сезоната 1971/72 до 1973/74. Веднаш потоа следеше серија на Борусија Менхенгладбах. После ова Баерн Минхен успеа уште еднаш да дојде до три победи по ред. Тоа се случи десет години подоцна. „Баварците“ ја освојуваа Бундес лигата од 1984/85 до 1986/87.

Истиот тим успеа и на крајот од минатиот век да почне нова серија. Во сезоната 1999/2000 титулата одново дојде во Минхен, а доаѓаше и во следните две години. Сега Баерн може по четвртипат да дојде до истиот успех, а тоа би било петтипат како еден тим победува во три сезони по ред.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жената одненадеж се враќа дома и ја затекнува домашната помошничк седната во скутот на мажот и.
Аууу - мажу! - извикува сопругата. Па нема ни половина час како ти ги испеглав...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Ден на Европа
1502.- Славниот џеновски морепловец Кристофер...
1800.- Роден е Џон Браун, американски фармер,...
1805.- Во Вајмар умре Фридрих Шилер, еден од...