Адеми дочекан со аплаузи

Битката за Аријан Адеми е добиена. Фудбалерот од вчера е нов член на Македонија. Го смени дресот на Хрватска со нашиот, и играчот од средниот ред тргна со својот нов национален тим. Ќе дебитира на мечот со Луксембург и со нетрпение очекуваме да видиме што ќе донесе ново во Македонија на нашата „најболна“ точка.

Фудбалерите и селекторот Бошко Ѓуровски му посакаа топло добредојде на Адеми. Предводникот на нашиот национален тим го претстави пред соиграчите, а тие му дадоа аплауз за одлуката да игра за дресот на Македонија, а не за Хрватска. Битката е добиена уште пред неколку месеци, но сега е дефинитивно со појавувањето во националниот тим, иако имаше шпекулации дека ќе се предомислува. Меѓутоа, истото го истакна и во весникот кој е во вашите раце дека ќе дојде на собирот, и Адеми е со националниот тим и токму тој беше вчера во „фокусот“.

АРИЈАН: СО НЕТРПЕНИЕ ГО ЧЕКАМ ДЕБИТО

За Адеми македонската селекција е нешто ново со кое се соочува во својата кариера. И покрај тоа што беше дел од младите репрезентации на Хрватска, сепак, се реши да ја смени одлуката за време на Светското првенство откако стана јасно дека за него ќе нема место меѓу патниците во Бразил.

„Со нетрпение го чекам моето деби за Македонија. Среќен сум што ќе бидам дел од репрезентацијата и овие денови ќе се обидам да се прилагодам со оглед дека за мене ова е нешто ново. Од Загреб директно дојдов на првиот тренинг. Задоволен сум од тоа како сум примен на овој прв тренинг, и очекувам добрата атмосфера да се пренесе и на теренот на натпреварот в четврток и, секако, да победиме против Луксембург“, ни изјави Адеми.

НОВОТО ЛИЦЕ ОД АВИОН ДИРЕКТНО НА ТРЕНИНГ

Репрезентацијата доцнеше на првата подготовка која беше закажана за 17 часот. Причината беше Аријан Адеми. Фудбалерот полета од Загреб во 14 часот, и некаде по 15 часот слета на нашиот аеродром. Веднаш се упати до хотелот, а потоа веднаш и на тренинг. Сите го чекаа Адеми и дојдоа да ја одработат првата подготовка за дуелот со Луксембург, а потоа и за Украина. И добро е што селекторот Ѓуровски го има уште на првиот тренинг за подобро да се воигра за двата дуела кои претстојат до крајот на оваа седмица.

НЕЦЕЛОСНИ НА ПРОЗИВКА, ПА ПОТОА „КОМПЛЕТ“

Вчера точно на пладне селекторот Бошко Ѓуровски ја имаше првата прозивка на селекцијата. Недостасуваа многумина, а како одминуваше времето полека дојдоа сите, а со Адеми се комплетираше националниот тим. Недостасува единствено Мирко Ивановски, кој имаше меч со Клуж синоќа. На прозивката не беа голманот Пачовски, потоа Абдурахими, Спировски, Ристовски... но потоа и тие се приклучија во репрезентативната „база“, па на тренингот беа сите фудбалери кои се најдоа на списокот, со исклучок само на Ивановски, кој оправдано беше отсутен.

ТРАЈКОВСКИ: НЕ ТРЕБА ДА ЗБОРУВАМЕ, ТРЕБА ДА ПОБЕДИМЕ

Атмосферата во нашиот национален тим е победничка. Никој не помислува на ништо друго со Луксембург освен победа. И никој не размислува на Украина туку само за предизвикот в четврток.

„Нормално дека очекувам победа. Луксембург мора да се добие. Не треба да ги потцениме и премногу да зборуваме, туку да излеземе на теренот да го дадеме максимумот и да освоиме три бода. Ќе има 'борба' на мечот и сакаме победа и одиме со таков менталитет и со таква мисла. Сега сме максимално фокусирани само кон мечот со Луксембург и кон трите бода, а за Украина ќе мислиме кога ќе дојде време“, рече Александар Трајковски.

ОД ДЕНЕСКА СО МИРКО ИВАНОВСКИ

Националниот тим на Македонија се комплетира денеска со доаѓањето на фудбалерот на Клуж Мирко Ивановски. Синоќа во романскиот шампионат неговиот тим играше натпревар против Таргу Муреш на гостински терен. Повратникот во националниот тим оправдано отсуствува и по добрите партии во дресот на романскиот прволигаш, доби повик од селекторот Ѓуровски, иако не беше во составот за дуелот со Шпанија пред еден месец. Со тоа предводникот на националите ќе ги има сите играчи на располагање пред мечот со Луксембург, дуел кој е од важно значење за понатамошниот тек на овие квалификации и рехабилитација за поразот од Шпанија со 5:1.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо му раскажува па Суљо:
"Замисли, Суљо, со Хасо бевме во шумата кога почна страшно невреме. Отидовме кај него дома, ама дождот не престануваше, па останав да преспијам. И така...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на Црвениот крст и на Црвената...
1688.- Роден е Ален Рене Лесаж, француски...
1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски...
1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан,...