Абдурахими спаси бламажа

Добро е. Победивме со Луксембург, со најслабиот, но можеше да биде сосема поинаку. Во 92. минута успеавме да постигнеме погодок и да ги освоиме бодовите. Повеќе среќно отколку заслужено, но победа е победа и на неа треба да се радуваме. Големи проблеми имавме со Луксембург, селекција која имаше водство на полувремето. Одигравме катастрофално во финишот на првиот дел, но затоа работите дојдоа на место во финишот на второто. Кога не одеше преку удари од близина, тргна од далечина. Абдурахими е јунакот на нашата репрезентација затоа што тој успеа да го упати ударот од 23 метри кој заврши во голот. Три удари, три гола. Тоа беше вчера нашиот национален тим, кој мака мачеше како да го погоди голот. За да биде подобро треба да работиме многу. Во нападот на ефикасноста, во одбраната на „стегнатоста“. Затоа што имаме примено седум гола на два меча, и тоа е премногу за нашите амбиции. Моменти за исправање има за само два дена кога гостуваме на Украина. Синоќа потешко од очекувањата освоивме три бода и влеговме во трката за третото место. Дали ќе имаме шанси или не, останува да се види на следните два меча.

„ШОУ“ НА ТРАЈКОВСКИ

Уште на стартот од синоќешниот меч Македонија тргна офанзивно со една цел - што побрзо да дојде до гол, до водство. Не заврши ниту втората минута кога обидот на Костовски по корнерот на Трајковски отиде за малку крај голот, а потоа Трајковски се обиде со удар од 20 метри, а топката мина милиметри покрај десниот дирек. Токму Трајковски беше нашиот најдобар играч во тие мигови, и успеа да постигне гол за водство. Искористи една заспаност во одбраната на гостите, издрибла неколкумина играчи, влезе во казнениот простор и најде пат до мрежата. Водство кое требаше да внесе сигурност во нашите редови, и подобра игра затоа што притисокот во тие мигови требаше да биде во спротивниот табор, и тие да напаѓаат. Но, се случи чудо потоа. Луксембург почна да „везе“...

СЕ СКРШИВМЕ ПО СУДАРОТ, „АМАТЕРИТЕ“ ПОВЕДОА

Да, токму така. Лускембуржаните везеа по теренот и ја презедоа иницијативата. Но, тоа како да не беше јасен сигнал за нашите фудбалери кои делуваа многу конфузно, дезорганизирано и без комуникација. Страшниот судир меѓу Мојсов и Демири во 28. минута како да беше предвесник на лошите мигови кои ќе дојдат за нашиот национален тим. Во моментите кога бевме со двајца играчи помалку, и кога им се укажуваше помош на Мојсов и на Демири, успешно се одбранивме. Потоа влегоа на теренот, меѓутоа Демири мораше повторно да излезе поради тоа што почна да тече крв на неговото лице. Адеми направи беспотребен прекршок на 22 метри, а од таму Бенси успеа да погоди. Луксембург и натаму продолжи да напаѓа па со шансата повторно на Бенси за малку не дојде до водство, благодарение на Пачовски, кој беше присебен. Сепак, само две минути подоцна катастрофална реакција на нашата одбрана. Делувавме како селекција која првпат игра фудбал, а Турпел успеа да избега и да донесе шокатно водство за Луксембург. Да, имавме сè во своите раце, но расипавме за само пет минути кога гостите дојдоа до пресврт. Во тие моменти имавме уште едно полувреме да го поправиме впечатокот и да дојдеме до добар резултат. Но, мораше нешто да менува во составот и во играта. Особено во финишот кога целосно паднавме.

БОШКО ВЕДНАШ МЕНУВАШЕ

Сосема беше јасно дека селекторот Ѓуровски ќе менува нешто, особено по слабата партија во првиот дел. Изненадувачки Агим Ибраими беше повлечен, а не негово место Абдурахими за да добиеме во брзина, со оглед дека ни требаше брз погодок, а потоа да се обидеме и да поведеме одново. Од игра беше повлечен и Цуцули, па Алиоски го замени по левата страна. Бошко повлече потези од клупата со цел да се спасуваме од бламажа и пораз од најслабите во нашата група. Измените донесоа извесно мрднување на работите, иако и натаму останаа грешките.

ТРГНАВМЕ ДА ИЗРАМНУВАМЕ, УСПЕАВМЕ ОД ПЕНАЛ

Почетните минути од вториот дел, како и во првиот ни припаднаа нам. Тргнавме да израмнуваме и ни успеа од белата точка откако Мацолени досуди пенал по стартот над Абдурахими. Претходно не ги реализиравме шансите на Муарем, Мојсов, Абдурахими и Ристовски. Ниту еден не го погодија голот. Муарем имаше супер шанса на стартот, но над гредата, потоа Мојсов со супер шанса со глава, но само крај голот, Абдурахими од 16 метри имаше лош обид, а Ристовски шутираше само во надворешниот дел од мрежата од 20 метри. Се играше 66. минута кога Абдурахими влезе во шеснаесетникот, а над него стартуваше Филипс, а италијанскиот арбитар не се двоумеше да покаже на 11 метри. Сигурен реализатор беше Јаховиќ, кој шутираше во долниот десен агол, прецизно милиметрски каде што Жубер немаше шанса да реагира.

ЈАХОВИЌ НЕ РЕАЛИЗИРАШЕ ОД ТРИ МЕТРИ

Ако Адис Јаховиќ погоди од 11, не успеа од само 2-3 метри да реализира во 83. минута по мешаницата во која се најде и по која испуштивме шанса за ново водство, што можеби ќе беше надежно за освојување на три бода. Одбраната на Луксембург на неколкупати не знаеше „каде да тера“, а ние не бевме прецизни и не можевме да го погодиме голот. За малку ќе казнеше на спротивната страна Девил, кој со глава се обиде само во гол аут, иако беше во поволна позиција.

АБДУРАХИМИ Е ЧОВЕКОТ ЗА ТРИ БОДА

И кога се очекува уште една бламажа со селекцијата на Луксембург, одненадеж се појави човекот Бесарт Абдурахими. Тоа е јунакот на синоќешната средба кој успеа да ни ги донесе бодовите во бледа и неубедлива игра. Кога не можеа неговите колеги и кога не реализираа и од подобри шанси, успеа со удар од 23 метри со вистинска „бомба“ да погоди во горниот лев агол за голема радост, и среќна победа на нашиот национален тим. На крајот нашата репрезентација успеа да ги освои првите три бода, да се подобри колку толку атмосферата, иако Бошко Ѓуровски го чека уште работа. Но, нема многу време за анализи и за други работи. Следува дуелот со Украина на кој мора да се поправат грешките и мора да не се повторуваат од синоќа. Да се стегне одбраната, поубедливи во нападот. Тоа е рецептот за добар резултат во Лвов.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...