Германија со најслаб старт во историјата

Откако летово триумфираше на Светското првенство во Бразил, репрезентацијата на Германија како да заборави да игра фудбал. „Панцерите“ се најголемото разочарување во квалификациите за ЕП 2016 година. Тимот на Јоаким Лев има само една победа по првите три меча. Иако се големи фаворити, по првата третина од мечевите во квалфикациите, Германија моментно се наоѓа на место кое не води во завршницата на еврошампионатот во Франција за две години.

Откако во 1938 година беа воведени квалификации за СП и 20 години подоцна кога мораше да се играат квалификации за пласман на ЕП, Германија никогаш досега немала вака слаб старт. Многумина и веруваа дека тимот може да го фати криза по освојувањето на планетарниот трон и по пензионирањето ан неколку клучни играчи. Сепак, малку кои веруваше дека Германија ќе игра само една победа досега во квалификациите.

Планетарните прваци почнаа со тежок триумф против Шкотска од 2:1. Ако се спасија против Шкотска, „панцерите“ на следните два меча беа непријатно изненадени. Полска беше тимот кој на искористи кризата на шампионот. Тие за првпат во историјата се израдуваа на триумф против Германија откако во Варшава славеа со 2:0. Потоа следеше ремито против Република Ирска на стадионот во Гелзенкирхен.

Најлошиот старт на Германија во едни квалификации сигурно ќе биде прекинат на следниот меч. Светскиот првак на свој терен ќе игра против аматерите на Гибралтар, кој се игра на 14 ноември.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо му раскажува па Суљо:
"Замисли, Суљо, со Хасо бевме во шумата кога почна страшно невреме. Отидовме кај него дома, ама дождот не престануваше, па останав да преспијам. И така...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на Црвениот крст и на Црвената...
1688.- Роден е Ален Рене Лесаж, француски...
1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски...
1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан,...