Аргентина е скапа за Македонија

Светскиот вицешампион побарал многу пари и услови за да гостува кај нас и одигра „тест“ со нашата селекција. Меси и компанија нема да ги гледаме во Скопје, барем засега...

Македонија - Аргентина во Скопје. Колку тоа добро звучи, но е неостварливо и невозможно. Барем не засега.

Постоеја реални шанси Меси со своите соиграчи од репрезентацијата да одиграат пријателска средба со Македонија, меѓутоа барале услови и многу пари за наши услови. Имало преговори, имало интерес прво да се одигра на неутрален терен, а потоа да дојдат и во Скопје, но до договор не дошло. И самиот селектор Бошко Ѓуровски пред неколку дена во изјава за нашиот весник призна дека имало можност за Аргентина, но таков тест е премногу скап за наши услови и би донело само атрактивност поради големиот број „ѕвезди“.

БАРААТ МИЛИОН(И)

Според нашите информации, аргентинската фудбалска федерација барала еден милион евра чисти пари, плус да бидат покриени трошоците за патување, за сместување и за храна. Тоа би чинело повеќе од 1 милион, сума која нашата федерација не може да си ја дозволи во овој момент. Тоа е цифра која била побарана за Меси и нивната репрезентација да дојдат да одиграат пријателска пред нашиот квалификациски меч со Словачка на 15 ноември.

ЌЕ ИГРААТ СО ХРВАТСКА ВО ЛОНДОН

Откако пропадна можноста да дојдат во Скопје, Аргентина се договори со Хрватска за одигрување пријателски натпревар. Дуелот ќе се одигра на 12 ноември, и тоа на неутрален терен во Лондон. Така „коцкестите“ ќе имаат меч против светскиот вицешампион веднаш по можноста да дојдат тука, во Скопје, на „Филип Втори“.

ЃУРОВСКИ: КОЈ НЕ БИ САКАЛ ДА ИГРА ПРОТИВ МЕСИ, АМА...

Македонија - Аргентина ќе беше супер пријателска средба и „магнет“ да се наполни цел стадион и да има супер атмосфера. Гледачите да уживаат во потезите на Меси, Игуаин, Маскерано, Ди Марија и останатите со што се согласува и селекторот Ѓуровски.

„Да, имаше некоја комбинација да се одигра натпревар со Аргентина. Но, побараа екстремна сума за наши услови. Кој не би сакал да игра против Меси, ама сметам дека она што го побараа е премногу за наши услови. Тоа се многу пари. По тоа доаѓа она дека тоа би било тежок меч за нас пред Словачка, што сметам дека не ни е потребен“, потенцираше Ѓуровски.

И РУСИЈА БЕШЕ ВО КОМБИНАЦИЈА

Освен Аргентина, во комбинација за одигрување пријателска средба пред Словачка беше и селекцијата на Русија. Но, и Русите исто како и Аргентинците побараа голема сума пари за да играат со нашата репрезентација. Така откако пропадна можноста да играме со Аргентина или со Русија, националниот тим ќе одигра „тест“ со најдобрите од нашето првенство, со некој клуб, или, пак, без тест ќе ја пречека првопласираната Словачка.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо му раскажува па Суљо:
"Замисли, Суљо, со Хасо бевме во шумата кога почна страшно невреме. Отидовме кај него дома, ама дождот не престануваше, па останав да преспијам. И така...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на Црвениот крст и на Црвената...
1688.- Роден е Ален Рене Лесаж, француски...
1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски...
1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан,...