Македонија против Словачка го игра можеби најважниот натпревар во квалификациите

Македонската фудбалска репрезентација во сабота на 15 ноември на националната арена „Филип Втори“ ќе го одигра можеби најважниот натпревар во овој квалификациски циклус. Противник е моментално водечката репрезентација во нашата група Словачка, која има три последователни победи и тоа дома против Шпанија како и на гостински терен против Украина и Белорусија.

Селекторот Бошко Ѓуровски верува во добар резултат против фаворизираниот противник, но за да се оствари тоа повикува и на поддршка од трибините.

- Словачка е квалитетна репрезентација која игра дисциплинирано, има квалитетни фудбалери и ќе биде сериозен противник. Како селектор чувствувам позитивна возбуда, но отсекогаш сум бил оптимист, и таа моја енергија ќе се потрудам и овој период да ја пренесам на фудбалерите. Мора напорно да работиме, секој да го даде својот максимум и да играме квалитетен фудбал 90 минути. Доколку бидеме мудри и концентрирани во текот на целиот натпревар, доколку секој ги исполнува претходно договорените задачи можеме да победиме. Но потребна ни е и поддршка од публиката за да имаме убава фудбалска претстава на задоволство на сите. Сега е шансата, да ја наполниме националната арена Филип втори, да покажеме колку ја сакаме Македонија и да ја бодриме македонската фудбалска репрезентација, смета Ѓуровски.

Словачка во Скопје доаѓа со Хамшик, Шкртел, Кучка, Вајс, Стох, Шестак, фудбалери од најсилните европски лиги. Од друга страна македонската репрезентација се подмладува, добива на физиономија, компактност, дисциплина во игра и воспоставува пред се напаѓачка стратегија нешто што не можеше да се види досега, години наназад.

Македонија - Словачка е четвртиот натпревар за „рисовите“ од квалификациски циклус за Европското првенство во Франција во 2016 година, а следниот е повторно дома со Белорусија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...