Без Демири и Бабунски на прозивката

Селекторот Бошко Ѓуровски денеска на тренинг ќе ги има сите фудбалери со исклучок на Агим Ибраими, кој откажа поради пневмонија и треба да мирува десет дена

Покрај Агим Ибраими, за кого се знаеше дека ќе го нема на синоќешната прозивка и ќе недостасува за мечот со лидерот во нашата група Словачка, вчера на првиот собир со националниот тим ги немаше ниту Мухамед Демири ниту Давид Бабунски. Демири, кој пристигна навреме во Скопје, сепак, поради фамилијарни причини пријавил отсуство, а доцна синоќа им се приклучи на соиграчите во хотелот, додека Бабунски синоќа имаше лет од Барселона кон Скопје, и во раните утрински часови ќе се приклучи на националниот тим.

„Демири дојде, но ми пријави дека ќе отсуствува неколку часа, а Бабунски го чекаме да дојде. Другите се сите пристигнати“, ни изјави на синоќешната прозивка предводникот на нашиот национален тим, Бошко Ѓуровски.

Базата на македонската репрезентација стандардно е хотелот „Плаза“ во Скопје, а тренинзите ќе се одвиваат на комплексот на Фудбалската федерација на Македонија, со исклучок во петок кога подготовката ќе биде на „Филип Втори“ кога ќе тренираат и Словаците.

НЕМА ЗАМЕНА ЗА ИБРАИМИ

Против најдобрата селекција во нашата група во моментов ќе мора да се спротивставиме без најдобриот репрезентативец Агим Ибраими, кој поради пневмонија мора да мирува и нема да биде на располагање на селекторот Ѓуровски. Од друга страна, пак, предводникот на нашата репрезентација се реши да не повикува нов играч во селекцијата, односно со 19 фудбалери да се спротивстави на лидерот.

„Ќе биде хендикеп отсуството на Ибраими ама засега нема да повикувам нов играч. И натаму размислувам, меѓутоа, најверојатно, ќе нема замена и на тие играчи кои ги имаме во моментов одиме да се спротивставиме. Има време, ќе видиме“, рече Ѓуровски.

Ибраими не беше ниту во комбинација за мечот со Украина во Лвов поради повреда на тетивата заработена на дуелот со Луксембург кога беше сменет на полувремето.

ГЕОРГИЕВСКИ: УБАВО Е ДА СЕ БИДЕ ПОВТОРНО ТУКА

Даниел Георгиевски патуваше цели 25 часа за да стигне на прозивката на нашиот национален тим. Фудбалерот на Мелбурн Виктори стигна вчера околу 15 часот во Скопје, и беше на време на првиот собир. Георгиевски не се пожали од долгиот и напорен пат, туку изрази задоволство што повторно е во репрезентацијата.

„Убаво е да се биде повторно во репрезентацијата. Секогаш кога ќе ми биде пружена шанса ќе доаѓам“, рече Георгиевски и додаде: „Имав 25 часа пат. Игравме натпревар во Њукасл, и од таму се вратив во Мелбург, а потоа преку Абу Даби и Белград стигнав во Скопје. Не е проблем. Ќе бидам подготвен и нормално се надевам дека ќе ми биде пружена шанса. Нè чека тешка задача против Словачка, која покажа квалитет. Доволен е податокот дека ги победија Шпанија. Имаат добри и брзи играчи. Играат многу организирано. Меѓутоа, ние играме дома и се надевам дека ќе ги добиеме. Атмосферата е одлична и ќе дадеме сè од себе за три бода. Ова за нас е многу важен натпревар во квалификациите“, изјави Георгиевски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...