Навивач на Сантос го тужи Нејмар

Бразилски адвокат и навивач на Сантос поднесе тужба против Нејмар поради неговиот трансфер во фудбалскиот клуб Барселона, инаку договорен уште во 2011 година. Преоѓањето на Нејмар во каталонскиот клуб е договорен непосредно пред натпреварот меѓу Сантос и Барса во финалето на Светското првенство за клубови во Јапонија, а Лусијано Переира Капарош, кој е долгогодишен жесток навивач на бразилскиот тим, тврди дека Нејмар на тој меч не се трудел доволно.

Барса го доби мечот со 4:0, а Капарош отпатувал во Јапонија да го гледа натпреварот во живо и останал разочаран од тоа што го видел и што подоцна дознал за договорениот трансфер на Нејмар на Камп Ноу. Па затоа одлучил на суд да побара надомест за претрпена душевна болка. Тој бара отштета од 3,200 евра колку што потрошил за пат до Јапонија плус отштета за „морална штета“ во износ од 5,200 евра.

„Се чувстувам измамен со сознанието дека неговиот трансфер во Барселона бил однапред договорен. Навивам за Сантос цел живот, одам на секој нивни меч, вложив многу пари за патот до Јапонија. Разочарам сум“, изјави Капарош.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо му раскажува па Суљо:
"Замисли, Суљо, со Хасо бевме во шумата кога почна страшно невреме. Отидовме кај него дома, ама дождот не престануваше, па останав да преспијам. И така...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на Црвениот крст и на Црвената...
1688.- Роден е Ален Рене Лесаж, француски...
1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски...
1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан,...