Tрката за „Златната топка“ завршува во Цирих

Роналдо е фаворит и ја очекува својата трета топка, Меси оди по петтиот трофеј, додека Нојер посакува првпат да се најде на врвот

Денеска, во Цирих фудбалскиот свет ќе го добие новиот крал на кого ќе му припадне златната топка за 2014 година. Сите претпоставки се дека втора година по ред признанието ќе замине кај Кристијано Роналдо, но едно е да се претпоставува, а нешто сосема друго тоа да се случи навистина.

Тројката која се најде во завршницата во битката за Златната топка е позната од 1 декември. Иако тогаш прво се појавија информации дека Арјен Робен е тој што ќе влезе во битка со незаменливите Роналдо и Меси, сепак, подоцна официјално беше објавено дека голманот на Баерн Минхен и на германската репрезентација, Мануел Нојер, ќе биде во големото друштво.

По 40 дена гласање сега е време да се види кој од фудбалери доби најмногу поени и кој ќе се најде на тронот за оваа година.

РОНАЛДО Е ПРВ ФАВОРИТ

Не е тајна дека најмногу погледи се насочени кон Кристијано Роналдо. Она што тој го направи дефинитивно е за поздравување и за одбележување. Тој освои четири од можните шест трофеи во годината со својот клуб. Со Реал не успеа да стигне до трофеј во Примера и до победа во Супер купот на Шпанија. Другите пехари беа освоени од „кралевите“. Покрај тоа Роналдо беше и прв стрелец во ЛШ во минатата сезона.

Единствениот минус му е тоа што не можеше со својата селекција да стигне до трофеј на Мундијалот во Бразил. Таму испадна уште во првиот круг, па на крајот Португалија заврши на 18. позиција.

НОЈЕР ГО ИМА ГЛАВНИОТ ТРОФЕЈ

Иако Лигата на шампионите е она што многу се цени, сепак, во 2014 година највредниот трофеј беше на Светското првенство во Бразил. Таму репрезентацијата на Германија успеа да стигне до првото место, а Мануел Нојер на четири натпревари прими само четири гола.

Нојер бранеше феноменално во текот на целиот турнир и беше еден од виновниците за победите на екипата. Тој беше столб на одбраната, а формата што ја демонстрираше во редовите на Баерн Минхен ја префрли и на средбите на репрезентацијата. Токму поради тоа доби големи заслуги за трофејот кој на крајот заврши кај Германците.

МЕСИ ПРВПАТ КАКО „АУТСАЈДЕР“

Кога ќе се земе предвид она што Нојер и Роналдо го направија во годината што помина сосема извесно е дека Меси останува како трет на листата и со улога на „аутсајдер“. Тој не успеа да освои ниту еден трофеј со Барселона, а со Аргентина беше на чекор од победа во Бразил. Да победеше на Мундијалот тогаш сигурно ќе имаше поголеми шанси и од Роналдо при денешното доделување на наградата. Вака останува да очекува изненадување.

Меси успеа да подобри само лични постигнувања кои досега беа за Раул и Зара во Лигата на шампионите и во Примера, а дали е тоа доволно за да може да се надева на „Златната топка“ ќе се знае денеска.

Според сè тој има најмали шанси за победа.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...