Роналдо и Кеслер најдобри фудбалери на светот за 2014 година

Португалецот Кристијано Роналдо и германката Надин Кеслер, се прогласени за најдобри фудбалери во 2014 година од страна на Светската фудбалска асоцијација (ФИФА).

На гала церемонијата која се одржа вечерва во Цирих, Роналдо го понесе признанието на ФИФА „Златна топка за 2014 година“’ во конкуренција на Лионел Меси од Барселона и голманот на минхенски Баерн Мануел Нојер.

Роналдо кој и лани беше најдобар фудбалер на светот, ова признание го заслужи со своите настапи во дресот на Реал Мадрид со кој ја освои четири трофеи.

Со 17 постигнати голови тој го предводеше Реал до 10-тата титула во Лигата на шампиони, натпреварување во кое беше најефикасен фудбалер. Роналдо и Реал триумфираа и во Купот на Шпанија, го освоија европскиот УЕФА Супер куп, а кон крајот на годината и Светското клупско првенство.

За Роналдо ова е трет пат да ја освои „Златната топка на ФИФА’’ откако беше прогласуван за најдобар играч и во 2008-та и 2013-тата година.

Во женска конкуренција признанието и припадна на германската репрезентативка Надин Кеслер која со својата екипа Волфсбург по втор пат во низа ја освои Лигата на шампионки, што беше доволно да биде прогласена за најдобра во светот, во тесна конкуренција со четирикратната освојувачка на ова признание Бразилката, Марта, како и Американката Аби Вамбах кој беше најдобра во 2012 година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...