Судиите го прават Јувентус непобедлив

Поразот од Јувентус со 3:1 во неделата предизвика гнев кај претседателот на Наполи Аурелио Де Лаурентис. Тој не беше толку нервозен од поразот колку што од вториот гол за „бјанконерите“ кој беше од офсајд.

„Доста е веќе! Јувентус е непобедлив затоа што му помагаат судиите“, грмна Де Лаурентис кој продолжи.

„Несфатливо е како шест судии не можат да видат дека двајца фудбалери се во офсајд. Тоа е или некомпетентност или тендециозност. Сите шестмина треба да бидат казнети на подолго време“, напишал шефот на Наполи на социјалната мрежа Твитер.

Слични коментари даде и тренерот Рафа Бенитез на кого не му се веруваше дека судиите го казнија Наполи што го победи Јувентус во финалето на Суперкупот минатиот месец.

„Минатата година во Серија А ја научив фразата ’се случува’, меѓутоа ме фрустрира што секогаш е така против Јувентус. Бевме во игра при 1:1, потоа падна голот од офсајд и тој смени се. Се прашувам до кога вака“, вели Шпанецот, кој веќе е сигурен кај кого ќе заврши „Скудетото“.

„Извини Рома, но Јувентус ќе ја освои титулата“, вели Бенитез.

МАРОТА: НЕПРИФАТЛИВИ КОМЕНТАРИ

По повод обвинувањата од Наполи се огласи директорот на Јувентус, Џузепе Марота, кој вели дека се неприфатливи коментарите на Де Лаурентис и Бенитез.

„Горди сме на тоа како се претставивме. Апсолутно заслужена победа. Не се согласувам со коментарите кои доаѓаат на наша адреса. Го почитувам Де Лаурентис, но секој пат кога Јуве ќе победи е обвинет за кражба нешто што е неприфатливо од наша страна. Кога ќе добиеме некоја одлука во наша полза истата се толкува како сомнеж. Лоши или добри одлуки добиваат и другите тимови“, изјави Марота.

Јувентус ја запиша првата победа на Сан Паоло по 14 години, а дефанзивецот Леонардо Бонучи вели дека тимот покажал м...ња против големиот противник.

„Покажавме дека имаме м...ња. Многумина не критикуваат, но демонстриравме карактер и желба за победа. Гледам дека победите на Јувентус ги нервира луѓето и тоа е непријатно. Мислам дека не е добро да зборуваа за грешки на судиите бидејќи се случуваат на сите натпревари, не само на нашите. Тоа се навкусни коментари кои треба да престанат“, изјави Бонучи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...