Анчелоти: Кристијано беше фантастичен во 2014

Италијанскиот стратег на чело на Реал Мадрид, Карло Анчелоти вели дека е задовоен што играч од неговиот состав е освојувач на наградата. Според Анчелоти, Роналдо заслужено е избран за најдобар.

„Кристијано имаше фантастична година. Многупати зборував и потенцирав за тоа што се тој направи во 2014 година. Имаше неверојатни мечеви за нас и тој има голема заслуга за тоа што го направивме во минатата година“, рече Анчелоти.

По стапките на Стоичков и Меси

Роналдо е само третиот фудбалер во историјата на „Златната топка“ што оваа награда ја добива во година во која имало Светско првенство, а одволјувачот на ова признание да не стигне ниту до финалето на Мундијалот.

Статистиката вели дека 80 отсто од играчите кои биле на првите две места на оваа листа биле дел од финалето на планетарниот собир. Низ историјата досега постоеја само два исклучоци кога освојувачот на „Златната топка“ не бил дел од финалето на СП. Прв пат тоа му успеа на Христо Стоичков кој во 1994 година со Бугарија стигна до полуфиналето на Мундијалот во САД. Тоа што го направи Стоичков, пред четири години го повтори Меси. Аргентинецот немаше успех на Мундијалот во Јужна Африка, но благодарение на неговите игри ја освои наградата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...