СП може да се игра и во лето и во зима

Присуството на големиот број новинари од целиот свет Катар го искористи и за промоција на фудбалскиот мундијал кој треба да се одржи во Доха во 2022 година. Посебни пријави, селекција и вчера утро стигнаа два автомобила за четиричлен македонски медија тим да оди на презентацијата која се одржа во „Ал Бида Тауер“ кулата од која се координираат активностите за Мундијалот. Таму имавме што да слушнеме.

„Можеме да го организираме мундијалот и во лето и во зима. Тоа за нас не е проблем, имаме ресурси и технологија да ги ладиме стадионите, помошните терени, фан зоната иако се на отворено. Таа технологија на ладење не е мит, а ние ја усовршуваме. Но, ако сакате навистина да ја доживеете Доха како и околните земји, најубав период е од ноември до февруари. Ќе имаме состанок во Доха на 24 февруари и тогаш ќе бидат ставени на маса сите предлози и ќе добиеме финална препорака од ФИФА“, изјави на медија презентацијата шефот за комуникација со медиумите на локалниот организациски комитет на Катар.

Како дополна на оваа изјава беше емитувана и видео презентација како тоа би изгледало, комплетната фан зона која би собрала илјадници навивачи и каде, ако надвор е 41 степен целзиус, би било 22 степени!

Катар е сериозен во намерата да направи уште еден спектакл, покрај ракометниот. Веќе во полн ек се подготовките за фудбалскиот мундијал, иако дотогаш има уште седум години.

Мундијалот ќе се игра на 8 до 12 стадиони. На пет од нив веќе наголемо се работи, прв во функција ќе биде пуштен стадионот „Калифа“ со капацитет од 40.000 седишта за време на турнирот. Датумот за неговото отворање е последниот квартал од 2016 година.

Се работи и на Ал Вакра (40.000), Ал Бајт (60.000), Катар Фондејшн (40.000) и се реновира Ал Рајан.

Сите овие објекти ќе бидат пуштени во употреба во 2018 година.

За вкупно 8 стадиони е направен финалниот дизајн, а во текот на годинава, откако ќе биде решено на колку стадиони ќе се игра, ќе бидат дизајнирани и другите.

- Колку е проектираниот буџет за Мундијалот во Катар, беше прашањето на Македонски спорт на медија промоцијата одржана вчера.

„Немаме точна бројка затоа што неколку стадиони и многу други објекти се во фаза на тендер, па така дури ни приближно не можеме да пресметаме сè додека не биде сè одобрено и усвоен финансискиот план. Но, не се само стадионите, комплетна инфраструктура се гради во Доха и околу неа“, беше одговор од организаторот.

Во Доха ќе се гради метро кое ќе оди и под земја, но и на носечки столбови, ќе се изградат 64 помошни игралишта во пустината кои подоцна ќе бидат пренаменети во ниви за производство на храна користејќи ја специјалната технологија на ладење и наводнување, ќе се градат улици, ќе се изградат и два нови града! Едниот е Ал Кар на чија територија е стадионот Калифа, а другиот е Лусаил, каде покрај импресивната сала во која се игра СП во ракомет ќе никне и најспектакуларниот од сите стадиони на кој ќе се игра и фудбал на Мундијалот, „Лусаил“ со капацитет од 80.000 гледачи. Неговиот дизајн е мистерија, а фотографиите кои кружат беа квалификувани како желба на фановите. Истото важи и за приказната дека ќе градат остров, а на него стадион. Сеедно, нема да биде мала бројката пред деветте нули кога ќе биде испланиран целиот буџет.

Планирани се најмалку 60.000 хотелски соби како ФИФА услов, но ќе ги има многу повеќе. Дел од објектите подоцна ќе бидат расформирани и подарени на посиромашни земји.

За сето ова да се изгради ќе бидат увезени 74.000 работници. Барем според првичниот план. Токму тој ангажман повлече низа незгодни прашања за организаторот, во смисла на нивните права, условите во кои ќе работат, земјите од кои ќе доаѓаат (се споменаа Непал, Пакистан итн.). Беа презентирани високо квалитетни услови, но некако гледајќи како сето тоа во моментов изгледа, не беше убеден медија тимот дека ќе биде токму така. Нивната работа и сега се следи од организаторот и тоа во живо, преку сателит.

Катарците се задоволни од досегашниот тек на истрагата за корупција и веруваат дека работата по тоа прашање е завршена.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо му раскажува па Суљо:
"Замисли, Суљо, со Хасо бевме во шумата кога почна страшно невреме. Отидовме кај него дома, ама дождот не престануваше, па останав да преспијам. И така...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на Црвениот крст и на Црвената...
1688.- Роден е Ален Рене Лесаж, француски...
1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски...
1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан,...