Манчестер Сити не се плаши од Барселона

Капитенот на англискиот шампион Манчестер Сити, Винсент Компани изјави дека неговите соиграчи не се плашат од шпанската Барселона, против кој вечер ќе го одиграат првиот меѓусебен дуел од осминафиналето во фудбалската Лига на шампиони.

- Не се плашиме од нив, ниту од било кој друг тим, особено не во оваа фаза од натпреварувањето, изјави Компани за англиската телевизија „Сакј Спортс“.

Дуелот меѓу Манчестер Сити и Барселона е практично реприза на минатогодишното осминафинале во ЛШ, кога шпанската екипа до место во четвртфиналето стигна со вкупната победа од 4:1. Тогаш Барселона целата работа ја заврши уште на првата средба во Манчестер каде со головите на Меси и Алвеш славеше победа со 2:0.

Сепак, Компани и неговите соиграчи сега уверуваат дека ја научиле лекцијата од лани, и дека сега работите стојат поинаку.

„Во Лигата на шампиони се бориме подеднакво како што тоа го правиме и во Премиер лигата. Историјата нѐ научи, дека може да напредуваме, што се потврдува низ изминативе шест сезони. Ова ќе биде добара можност да го потврдите тоа’’, дополни Компани.

Покрај дуелот меѓу Манчестер Сити - Барселона, утревечер ќе се играат и средбите меѓу Јувентус - Борусија Дортмунд, додека во среда на програмата се средбите, Арсенал - Монако и Баер Леверкузен - Атлетико Мадрид.

Сите четири натпревари ќе започнат во терминот од 20 часот и 45 минути.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...