Сити ќе ја запира Барселона

Двете екипи се судрија и минатата година во осминафиналето од ЛШ, а тогаш Каталонците се изборија за победи и во Манчестер и во Барселона

Двобојот што го одбележа осминафиналето во минатата сезона и во оваа го зазема централното место. Манчестер Сити повторно е домаќин на Барселона на првата средба, а шансите се речиси со исти параметри како и ланските. Не се очекува ништо ново и поразлично од случувањата од ланската пресметка, па сосема извесно е дека и овој пат Каталонците ќе влезат со улогата на фаворити.

КОМПАНИ САКА ВАКВИ СРЕДБИ

Во таборот на Сити се поискусни за една година, а тоа е најава можеби за нешто поразлична игра од лани кога ги загубија двата дуела. Оттаму и подготовката е поинаква, а вечерва ќе се види што е она што е сменето во однос на ланскиот двобој.

„Барселона е посебна екипа во која играат неверојатни фудбалери. Тие имаат убедливо најмногу фудбалери од сите клубови во светот кога зборуваме за волшебна асистенција со која може да се дојде до победа. Јас сум во фудбалот поради играње на вакви натпревари. Во моментов не се чувствувам доволно подготвен за одигрување на ваков тип натпревари, но ќе се обидам да дадам максимум. Не се наоѓам на вистинското место, но ова е нешто што сакам да го правам, па ќе се обидат да го покажам најдоброто од мене на овој натпревар. Нашата форма е во нагорна линија. Напредуваме и јас верувам дека ќе можеме, конечно, да дојдеме до место во четвртфиналето од Лигата на шампионите. Свесни сме за тоа дека Барселона може да го реши мечот за само секунда, но ние ќе бидеме подготвени на сè на овој дуел“, коментира Компани пред денешниот меч.

БАРСА Е КОШМАР ЗА ПЕЛЕГРИНИ

Тренерот Мануел Пелегрини има лоши сеќавања со овие момци од Барселона бидејќи токму тие го посрамија како тренер на Реал Мадрид, и тоа на „Бернабе“. Тие му зададоа големи грижи и затоа сега ќе мора да смени многу во својата тактика доколку сака да помине далеку подобро. Лани загуби со 2:0 на свој терен, па можеби тоа ќе биде и лекција за него.

„Се молам само да немаме црвен картон на натпреварот против Барселона и да го завршиме натпреварот со 11 фудбалери. Минатата година имаше навистина тешка ситуација меѓу Демикелис и Меси и мислам дека и сега ќе има вакви проблеми за судијата. Лани судијата измисли пенал бидејќи немаше такво нешто. Покрај тоа Демикелис беше исклучен и не можеше да игра на реваншот. Сега очекувам да биде поинаку. Што се однесува до играта на Барселона, мислам дека ќе згрешиме многу доколку одлучиме да се концентрираме само на тројцата фудбалери од нападот. Барселона не е клуб во кој играат само Меси, Нејмар и Суарез. Тука се и Чави, Иниеста, Бускетс, но и уште неколку одлични играчи. Оваа Барселона напаѓа многу побрзо и игра со неколку различни варијанти. Нам ни претстои навистина тешка задача бидејќи се соочуваме со фудбалери од голема класа“, изјави Пелегрини.

ОДЛУКА УШТЕ ВО МАНЧЕСТЕР

Оној што добро знае како треба да се игра против Манчестер Сити е Луис Суарез. Додека го носеше дресот на Ливерпул имаше многу средби против овој тим и затоа неговото мислење е важно кога се работи за пресметка со Сити. Оттаму неговите очекувања се многу работи да бидат решени уште денеска за да може на реваншот да се игра далеку помирно.

„Манчестер Сити се наоѓа во добра форма, а тоа го потврди на дуелот со Њукасл на кој забележа победа од 5:0. Тоа беше натпревар кој потврди дека нападот им е посилната страна од тимот. Воедно беше потврдено дека и средниот ред функционира одлично. Сепак, знам дека имаат слабости во одбраната каде што ќе треба да го покажеме нашиот квалитет и да успееме да ги искористиме нашите шанси. Ни треба добар резултат по првиот натпревар и мислам дека можеме да го постигнеме. Барселона тоа го направи и лани без мене, а верувам дека можеме и сезонава да го повториме истото“, вели Суарез.

ПРИЈАТЕЛИТЕ БУСКЕТС И ТУРЕ

Серхио Бускетс влета во првиот тим на Барселона како замена за Јаја Туре. Тој продолжи со добрите игри за Каталонците, а Туре се пресели во Сити. Денеска нема да може да игра против своите поранешни колеги поради суспензија, но дефинитивно Бускетс има добри спомени за својот колега со кого на почетокот ја делеше минутажата.

„Манчестер Сити игра одличен фудбал. Ќе се обидат да нè запрат. Тоа е тежок противник за нас, но знам и дека ќе имаме простор за игра. Штета што ќе го нема Туре на теренот. Тоа е мој голем пријател од кого научив многу во времето додека играше за Барселона. Сепак, Манчестер Сити има и други одлични играчи кои може да направат многу со топката. Тука се Серхио Агуеро и Давид Силва, кои сигурно ќе ни зададат многу проблеми“, изјави Бускетс.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...