Арсенал ги подготви „топовите“

Покрај мечот во Леверкузен денеска ќе има натпревар и во Лондон каде што тимот на Арсенал е домаќин на составот на Монако. Клубот од кнежевството се врати во ЛШ и во елиминациите по пауза од една деценија, а иако тимот не е ист како во минатата сезона, сепак, никој не смее да го потцени.

Каква игра ќе треба да биде прикажана денеска најдобро знае менаџерот на „топчиите“ Арсен Венгер, кој во периодот од 1987 до 1994 година беше тренер на Монако. Ова му е можност да игра против својот поранешен клуб, но по долга пауза.

„Кога ќе се најдете во осминафиналето јасно е дека имате квалитет. Самиот овој факт покажува дека претстојат тешки натпревари и дека никој не смее да биде потценет. Според мене шансите се 50-50. Монако е тим кој игра добро во одбраната и прима малку погодоци. Во групната фаза играа многу цврсто, а тоа значи дека и денеска и нам ќе ни биде особено тешко. Ја вратија и самодовербата и играат добро и во првенството во Франција, па затоа не смееме да се опуштаме. Ништо не е завршено предвреме и никој не може да нè прогласи за сигурни патници во четвртфиналето“, изјави Венгер.

ВЕЛБЕК ОЧЕКУВА ПОБЕДА

Во таборот на Арсенал сите гледаат кон победа на првиот дуел и кон предност за мирен реванш. Тоа е задача која ќе биде тешко да се исполни, но Велбек најавува дека ќе успеат да се снајдат со противничката одбрана.

„Не смееме да го потцениме нашиот противник. Монако е екипа која има квалитетни играчи и против кои мораме да бидеме максимално ангажирани. Од првата минута на двете средби ќе треба да тргнеме со силно темпо и да ја диктираме играта. Доколку дозволиме противникот да го има главниот збор ќе погрешиме и тоа може да нè чини многу. Самиот факт што Монако е меѓу најдобрите 16 е одличен показател за тоа дека се работи за квалитетен состав и ние дефинитивно ќе мораме да бидеме во ритам доколку сакаме да успееме. Играме прво дома и ова е можност да го покажеме нашиот квалитет. Ќе биде навистина интересно и се надевам дека ќе успееме да постигнеме победа и мирно да одиме на гостувањето“, најавува Велбек пред денешниот прв натпревар.

ЖАРДИМ ПОДГОТВУВА ИЗНЕНАДУВАЊЕ

Тренерот на Монако, пак, се надева дека играчите на Арсенал ќе настапат со потценување и тоа ќе биде искористено од страна на неговите момци на теренот. Доколку сè биде според планот тогаш ова може да биде и двобој за изненадување.

„Фактот што сите сметаат дека Арсенал ќе биде тимот што ќе се квалификува понатаму за нас значи ослободување од притисокот и ни дава поголема слобода во играта. Нормално е сите да мислат дека Арсенал ќе нè совлада бидејќи се работи за тим кој има далеку поголемо искуство и многу поголем буџет. Сепак, во фудбалот парите не се тие кои победуваат секогаш. Битката се добива на терен и таму ќе треба да се покаже најдоброто“, вели тренерот на Монако, Леонардо Жардим.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...