Монако го изненади Арсенал, Баер минимално го совлада Атлетико

Екипите на Монако и на Баер Леверкузен забележаа победи над Арсенал, односно Атлетико Мадрид во последните два натпревара од првите мечеви во осминафиналните пресметки од фудбалската Лига на шампиони.

Монако триумфираше во Лондон кај Арсенал со 3:1 со головите на Гофри Кондогбија (38.минута), Димитар Бербатов (53) и Фереира Караско (90+4), додека единствениот погодок за домаќините беше дело на Окслејд-Чембрлен (90).

Гостите од Кнежеството со агресивна игра и преку контра-напади дојде до значајната предност пред реваншот на свој терен. Арсенал беше на прагот на прифатлив пораз откако во последната минута од основните 90 намали на 2:1, но тргна со сите сили да изедначи и остави простор за против напад што го искористи Монако.

На вториот синоќешен дуел, актуелниот шпански шампион и финалист од ланското издание на ЛШ загуби во Леверкузен од Баер со 1:0.

Решавачкиот момент се случи во 57.минута кога Хакан Чалханоглу реализира за победа на германскиот претставник.

На претходно одиграните дуели беа постигнати следниве резултати: ПСЖ – Челзи 1:1, Шахтјор – Баерн 0:0, Базел – Порто 1:1, Шалке – Реал Мадрид 0:2, Манчестер Сити – Барселона 1:2 и Јувентус – Борусија Дортмунд 2:1.

Реваншите ќе се играат на 10,11, 17 и 18 март.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...