Гигантите во акција во Лондон

Челзи го пречекува ПСЖ, а резултатот 1:1 од Париз најавува офанзивни гости и домаќини кои мора први да зададат удар

Тимовите кои лани се пресметаа во четвртфиналето, годинава имаат уште еден двобој, но сега е прашање кој од Челзи и ПСЖ ќе успее повторно да се пласира меѓу најдобрите осум во Лигата на шампионите. Нерешените 1:1 од Париз се мала предност за домашните бидејќи за да остане ПСЖ во игра ќе мора денеска да постигне гол.



Ваквиот резултат дефинитивно одговара за стратег како Мурињо. Тој одлично знае како треба да ги подготви своите фудбалери, но и да ги мотивира, па затоа денеска се очекува да има интересен тек на средбата.

„Знам дека ПСЖ има одлични напаѓачи. Златан Ибрахимовиќ е дефинитивно еден од најквалитетните во светот и на сите ни е добро познато за каков голгетер се работи. Сепак, нема страв. Успеав да го запрам пред три недели и верувам дека ќе можам повторно. Ние сме убедени дека можеме до победа, но во исто време знаеме дека ни претстои навистина тешка средба. ПСЖ ќе дојде за да даде барем еден гол и дефинитивно ќе биде навистина комплицирано на теренот. Ние сме подготвени и ветуваме дека ќе сториме сè за да ги запреме Ибрахимовиќ и колегите“, најавува голманот на Челзи, Тибо Куртоа.

КЕХИЛ НАЈАВУВА ДОБРА ОДБРАНА

Од друга страна, одбранбените фудбалери на Челзи веруваат дека нема да примат гол и дека ќе се снајдат и во дуелите со Кавани и Лавеци. Дефинитивно е потребно сè да функционира, а Кехил најавува дека сите се подготвени да одработат.

„Реваншот против ПСЖ е како финале пред финалето. Факт е дека денеска не смееме да се опуштаме и мораме да дојдеме до победа. Знаеме добро со каков квалитет располага нашиот ривал, особено какви играчи има во нападот и дефинитивно ќе мораме да бидеме далеку подобри од првиот меч доколку сакаме победа. Сите сме сигурни во нашиот квалитет и знаеме дека можеме да ја оствариме целта за да се пласираме во четвртфиналето“, вели Кехил, кој денеска треба да се најде во првите 11 на местото на Зума кој играше на средбата во Париз.



ПСЖ Е ПОИНАКОВ ТИМ

Гостите, пак, посакуваат сосема поинаков епилог од ланскиот кога не успеаја да постигнат гол во Лондон. Тогаш не постигнаа гол и затоа испаднаа, а сега сите веруваат дека ќе може да го совладаат Куртоа барем еднаш.

„Минатата година имавме преголема почит кон тимот на Челзи. Тоа ни се одрази и на резултатот. Сега сме поискусни, но и сосема поинаков тим. Мораме да го искористиме она што го поседуваме како искуство и да успееме да го покажеме сиот квалитет на теренот. Верувам дека можеме да одиграме на високо ниво и верувам дека можеме да го елиминираме Челзи“, вели Верати.

ЛУИЗ БЕЗ ЕМОЦИИ

Оној што најдобро знае како е да се игра во Лондон пред публиката на Челзи, Давид Луиз нема премногу емоции, а и во своите изјави потврдува дека не се оптоварува многу со фактот што ќе игра против Мурињо. Тој не го смета Португалецот како специјален или посебен, па вели дека денеска ќе стори сè за го елиминира.

„Мурињо е специјален за многумина, но не и за мене. Јас има неверојатни спомени од претстојот во Челзи. Освоив многу трофеи и бев среќен во овој клуб. Челзи повторно има силна сезона. Има одлична игра во одбраната и има неверојатни фудбалер. Јас добро го познавам мојот тим и знам дека денеска ќе нападнеме со сите сили за да постигнеме гол. Имаме неверојатен план и доколку успееме добро да го исполниме, тогаш можеме да стигнеме до исполнување на целта. Секој од двата тима има свои шанси да продолжи во четвртфиналето, но сите ќе треба да бидеме на ниво“, изјави Давид Луиз.



ИБРА САКА КАЈ МУРИЊО

Што се однесува до Ибра, тој беше мирен на првиот дуел, а сега очекува поправање на впечатокот и дефинитивно барем еден погодок. Во својата изјава повеќе коментира за соработката со Мурињо и минатото кое го има со својот поранешен тренер, за кој вели дека му е еден од најлесните за работа. Воедно потврдува дека сака одново да биде во негов тим.

„Драго ми е што ќе играм повторно против Мурињо, но морам да признаам дека посакувам одново да соработувам со него. Тој е неверојатен тренер и човек и јас имам прекрасни спомени од работата со него. Ова ќе биде навистина убава средба на која ќе можеме да се надигруваме“, вели Ибрахимовиќ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оди Трпе во продавница.
- Дајте ми литар масло.
- Флаша имате?
- Не, ќе го пијам пред врата!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на трудот.
1218.- Роден е германскиот цар Рудолф, основач...
1672.- Роден е англискиот писател и политичар...
1858.- Се случи битката на Грахово. По победата...