Сити ќе ја руши традицијата

Тимовите кои и лани беа во битка за место во четвртфиналето, Барселона и Манчестер Сити повторно ќе имаат пресметка во која овој пат предноста за Каталонците е 2:1. По двете победи во минатогодишното издание на ЛШ сега се очекуваат нови возбудувања, а сосема извесно е дека сите им даваат предност на Каталонците.

За Манчестер Сити јасно е дека мора да постигне два гола, нешто што досега не успеало на пресметките против Барселона. Треба да биде и два разлика (освен ако не се случи чудо па да дојде и победа од 3:2 за гостите), а сето ова најавува офанзивен фудбал.



СО МИСЛИТЕ И КОН „ЕЛ КЛАСИКО“

Она што е интересно за Барселона е дека за неколку дена има две силни средби и по Сити ќе треба да се соочи со Реал Мадрид. И двата дуела ги игра дома, а тука ќе треба да се види карактерот и силата.

Оттаму Луис Енрике е во тешка ситуација и ќе мора да тактизира за да ги зачува свежи своите фудбалери и за дуелот в недела.

„Ова ќе биде навистина убава недела. Имаме два одлични натпревари кои се од големо значење за нас. Дуелот со Манчестер Сити го дочекуваме со предност од 2:1 од гостувањето во Англија. В недела, пак, имаме големо дерби и во него против Реал Мадрид исто така како домаќини влегуваме со улога на лидери во Примера и во одлична форма. Сепак, тој натпревар ќе го оставиме за од утре. Денеска сите мисли ги имаме насочено кон мечот против Манчестер Сити. Минатата година го елиминиравме овој тим со 4:1. Сега ќе се обидеме да бидеме и подобри и да се избориме и за уште поубава предност. Мислам дека можеме да го повториме резултатот, но ќе видиме дали ќе биде така и на теренот“, изјави Луис Енрике.



КОШМАРОТ ЗА ЧИЛЕАНЕЦОТ

Од друга страна, Мануел Пелегрини нема убави спомени од фудбалерите на Барселона. Редовно беше со наведната глава на пресметките против Каталонците, па тие добро знаат дека овој податок само му носи уште поголем притисок на тренерот на Англичаните.

„Ни претстои тешка средба. Пред дуел со Барселона може да зборуваме и за тактика и за техника. Сепак, сето ова може да падне во вода за неколку минути. Секогаш е тешко да се биде тренер на екипа која игра против Барселона. Затоа морам да кажам дека ние сме подготвени за секаков епилог. Не е срамота да се биде елиминиран од Барселона. Составот со кој располага Барса ако не е најдобриот во светот тогаш е вториот на листата. Ниту еден друг тим нема трио какво што се Меси, Нејмар и Суарез. Меѓутоа, тие тројца не се единствените што играат туку тоа го прават сите 11. Ако успеат да не победат и уште еднаш да не елиминираат тогаш нека биде тоа затоа што тие се подобри од нас“, вели пелегрини.



ИЗНЕНАДУВАЊЕТО Е МОЖНО

Што се однесува до играчите на Сити, тие се сигурни дека изненадување може да се случи, а дали и навистина ќе може да го направат тоа, ќе се види на теренот. Еден потег може да го реши овој дуел, а факт е дека мора да постигнат два гола доколку сакаат да ја елиминираат Барселона.

„Ќе се обидеме да одиграме најдобро што може против еден од најдобрите тимови во светот. Тоа нема да биде воопшто лесно, но во фудбалот ништо не е невозможно. Мораме да бидеме подготвени за она што ни претстои. Ќе треба да бидеме самокритични и да ги најдеме грешките од првиот натпревар, но и од мечот против Барнли. Кога работите се одвиваат добро тогаш секој знае да ужива. Кога ќе дојде криза тогаш некој мора да преземе одговорност и да го повлече тимот. Ова е добра шанса за да ја свртиме сезоната во позитивен правец“, коментира Забалета.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жената ја спушта слушалката по телефонскиот разговор и мажот и и довикнува од дневната соба:
- Не можам да поверувам дека разговараше само половина час!
- Грешка беше!!!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1755.- На иницијатива на големиот руски научник,...
1833.- Во Хамбург е роден Јоханес Брамс,...
1838.- Францускиот сликар Луј Дагер го откри...
1840.- Во Камско-Воткинск е роден Петар Илич...