Рома мора да се разбуди

Екипата на Рома ќе мора да се разбуди и да почне да игра фудбал бидејќи ѝ се заканува испаѓање од Лига Европа, единственото натпреварување каде што може да освојат трофеј сезонава. „Волчицата“ пред себе ја има Фиорентина и каква било победа па и реми без голови ќе ги однесе во следната фаза.

Рома влезе во криза бидејќи на последните 10 меча дури осумпати ремизираше, а поразот од Сампдорија на домашен терен во понеделникот само ги продлабочи проблемите во екипата. Титулата во Серија А е далеку па дури и второто место е под прашалник, а можен е дебакл и во Лига Европа.



Пред очите на римјаните е виолетово и мислата е како да се помине Фиорентина. Тие веќе имаа едно непријатно искуство со овој тим, и тоа во Купот кога на Олимпико загубија со 2:0 и стрелец на двата гола беше Марио Гомез, кој вечерва нема да игра поради повреда.

Првиот меч од Лига Европа во Фиренца заврши со резултат 1:1, а Иличиќ ги доведе „виолетовите“ во предност откако Нето му одбрани пенал на Адем Љајиќ, а потоа Сејду Кеита донесе израмнување и поголеми шанси за својата екипа за пласман во четвртфиналето.

„Мораме да гледаме натпред. Го преболивме поразот од Сампдорија и ќе се обидеме да ја победиме Фиорентина. Засега во мислите ни е Лига Европа. Пред нас е тежок противник. Тие веќе нè победија во Купот, но не смееме да им дозволиме повторно да се радуваат на Олимпико“, изјави тренерот Руди Гарсија.



Рома не може да смета на суспендираниот Ража Наинголан, додека Мајкон и Виктор Ибарбо се повредени.

Традицијата вели дека на 159 одиграни натпревари меѓу овие екипи Рома има 52 победи додека Фиорентина 49, а 58 мечеви завршиле со реми. Интересно е што Фиорентина нема триумф против италијански опонент во европските купови (три ремија и два порази), додека Рома има само еден таков дуел и тоа двете победи во финалето на Купот на УЕФА против Интер во 1991 година. Но, „виолетовите“ се непоразени на 10 гостински натпревари во европските купови, а само на еден од нив не постигнале погодок (против Пасос Фереира во сезоната 2013/14). Ако не загубат на Олимпико тогаш ќе го постават нов рекорд на турнирот.

Тренерот на Фиорентина Винченцо Монтела постигна 83 голови за Рома во периодот од 1997 до 2008 година. Со „волчицата“ го освои Скудетото. Популарното „авионче“ работи како тренер на Фиорентина од јуни 2012 година.



БЕШИКТАШ СЛАВИ 112 ГОДИНИ

Турскиот Бешикташ на денот на својот 112. роденден ќе се обиде да го совлада Бриж и да се пласира во четвртфиналето во Лига Европа. Бешикташ е формиран на 19 март 1903 година и е најстар во Турција, но и еден од најуспешните со 13 шампионски титули.

Денеска имаат сериозна задача: мора да ја урнат непобедливата серија на белгиски Бриж. „Орлите“ бркаат негатива од 2:1, а се надеваат дека пред својата публика ќе го надополнат дефицитот. Бриж е единствениот тим кој стигна до оваа фаза на Лига Европа без да загуби натпревар. Нивниот рекорд сезонава е 10 победи и три нерешени.

УЕФА СО РОДЕНДЕНСКА „ЧЕСТИТКА“ ЗА АЈАКС

Кога сме кај родендените вчера фудбалскиот клуб Ајакс прослави 115 години постоење, а УЕФА го „почести“ со казна од 12,000 евра. Причина за паричната казна е лошата организација на натпреварот со АПОЕЛ во групната фаза од Лигата на шампионите на 10 декември на Амстердам арената. Скалилата на трибините биле блокирани од навивачи, што е забрането на натпреварите под капата на УЕФА. Истото се случило и на дуелот со Легија Варшава во 1/16 финалето во Лига Европа. Ајакс ги повика своите фанови на мечот со Днипро да не ја прават истата грешка.



ИНТЕР НА СЕРИОЗЕН ИСПИТ

Интер нема пораз во 11 европски натпревари на домашен терен (7 победи и 4 ремија) и ја сочувал на мрежата на четири од пет од тие мечеви во оваа сезона, меѓутоа дали може го помине Волфсбург со тоа што ќе победи најмалку со 2:0. „Нероаѕурите“ беа непријатно изненадени на првиот меч во Германија. Иако се со богато европски искуство (388 мечеви) загубија со 3:1 од Волфсбург кој зад себе има само 59 натпревари во европските купови.

Капитенот Андреа Ранокија верува дека ќе биде ризик веднаш да се тргне во напад бидејќи со тоа ќе ја остават одбраната ранлива, а противникот е опасен од контранапади.

„Ова е меч да се биде или не. Тие доаѓаат порелаксирано поради предноста што ја имаат, но сигурен сум дека ќе дадеме сè од себе да ги изненадиме. Мораме да бидеме сигурни во дуелите и константно да ги притискаме притоа без да преземаме ризик. Нема потреба да брзаме бидејќи имаме 90 минути за игра. Само не треба да им оставиме простор бидејќи се многу опасни од контранапади. Сметаме и на поддршката од навивачите од првата до последната минута“, изјави Ранокија.



Интер, кој нема победа на последните четири мечеви во сите конкуренции, веројатно, ќе игра без повредениот Џердан Шаќири.

Волфсбург за првпат по сезоната 2009/10 се наоѓаат во осминафиналето на Лига Европа, а по она што го прикажува во ова натпреварување може да се каже дека се едни од неколкуте екипи кои конкурираат за финале. „Волците“ направија одлична екипа, втори се во Бундес-лигата и веќе гледаат учество во Лигата на шампионите идната сезона, а сега имаат цел да направат успех во Лига Европа. Четата на Дитер Хекинг загуби само еднаш на последните 21 натпревари во сите натпреварувања. Бас Дост и Кевин де Брујн се најрасположените фудбалери сезонава и заедно имаат 30 гола, а Белгиецот запиша неверојатни 22 асистенции.

За ова гостување на „Џузепе Меаца“ германската екипа нема да смета на суспендираниот Налдо, а негова замена, веројатно, ќе биде Тим Клосе.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...