Ќе има ремонт во Манчестер Сити

Манчестер Сити е тимот што во изминативе неколку години е меѓу најголемите трошаџии на пари за доведување нови играчи. Газдата на тимот од „Итихад“ реши да троши за да создаде тим кој ќе биде доминантен во Англија, но и да се промовира на европско ниво. Оваа „операција“ на Манчестер трае веќе неколку години, но засега не се покажа дека „граѓаните“ имаат тим за европски дострели.



Сити четврта година беше дел од Лигата на шампионите, но тимот досега никогаш не се пласирал меѓу најдобрите осум на континентот. Првите две сезони тимот воопшто не ја ни помина групната фаза, додека сега две години во низа е елиминиран во осминафиналето. Во нокаут фазата на двапати налетаа на Барселона и претрпеа четири порази, по што заслужено беа елиминирани.

НЕМА ДА ОСВОЈАТ НИТУ ЕДЕН ТРОФЕЈ

Освен елиминацијата во Лигата на шампионите, на Сити сезонава не му оди најдобро ниту во домашните натпреварувања. Многу е веројатно дека тимот на тренерот Мануел Пелегрини ќе остане без ниту еден трофеј. Испаднаа од ФА Купот, Лига купот го освои Челзи, а „граѓаните“ се се подалеку и од одбраната на тронот во Премиер-лигата. Манчестер заостанува шест бода зад лидерот Челзи, а лидерот има и меч помалку. Поради ваквите резултати, најавено е дека многу е веројатно тимот да доживее голема промена во летниот преоден рок.



СИГУРНИ САМО ПЕТ ИГРАЧИ КОИ ЌЕ ОСТАНАТ

Според англиските весници, малку се играчите кои имаат загарантирано место во тимот и за следната сезона. Од тие кои не разочарале се Серхио Агуеро, Џо Харт, Винсан Компани, Фернандињо и Давид Силва. Сите останати играчи, вклучувајќи го и лидерот на теренот, Јаја Туре, може да бидат продадени.

Според шпекулациите на листата на играчи кои може да бидат продадени се Бакари Саља, Мартин Демикелис, Самир Насри, Александар Коларов, Хесус Навас, Пабло Забалета, Един Џеко, Фернандо, Стеван Јоветиќ, Гаел Клиши, Џејмс Милнер и Франк Лампард.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жената ја спушта слушалката по телефонскиот разговор и мажот и и довикнува од дневната соба:
- Не можам да поверувам дека разговараше само половина час!
- Грешка беше!!!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1755.- На иницијатива на големиот руски научник,...
1833.- Во Хамбург е роден Јоханес Брамс,...
1838.- Францускиот сликар Луј Дагер го откри...
1840.- Во Камско-Воткинск е роден Петар Илич...