Македонските фудбалери ги почнаа подготовките за дуелот со Белорусија

Македонската фудбалска репрезентација денеска на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје го одржа првиот тренинг во пресрет на квалификацискиот натпревар против Белорусија закажан за 27 март.

Здравствениот билтен не е идеален, поради повреда подготовките и натпреварот ги пропушта Марио Ѓуровски, а денеска стручниот штаб во репрезентацијата ќе добие официјална потврда за евентуалниот настап на Аријан Адеми од Динамо Загреб кој исто така има повреда.



Еден од повратниците во националниот состав, Ферхан Хасани вели дека нашиот тим сериозно ќе се подготви за натпреварот. Фудбалерот на дански Брондби се надева на победа на македонската репрезентација.

- Се радувам што повторно сум дел од репрезентацијата на Македонија, во последните неколку месеци имав проблем со повреди, но сега сум во ред, подготвен да му помогнам на тимот. Во следните неколку денови ќе се потрудиме на најдобар начин да ги одработиме подготовките и да ја анализираме играта на Белорусија.

Сепак, сметам дека ние сме најважни, посветени сме на тимот, ги одработуваме задачите поставени од селекторот и се надеавам дека тоа позитивно ќе ни се врати на натпреварот во петок. Има неколку нови имиња во репрезентацијата, но важно е дека сите сме тука со иста цел, да помогнеме во остварување на целта, да забележиме победа против Белорусија, вели Хасани.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...