Операцијата „Белорусија“ мора да успее

Македонскиот национален тим од вчера е во „погон“ каде што ги почна подготовките за петтиот квалификациски натпревар во групата против Белорусија. Билансот од една победа и три порази засега не е задоволувачки, а за да се остане во игра да се стори нешто повеќе од последните две места во групата МОРА да се победи следниот противник. Друг избор за Бошко Ѓуровски и за неговите избраници едноставно нема, иако и селекторот се соочува со проблеми по откажувањето на Адеми и на Ѓуровски.

Рецептот е добро познат. Да се добие Белорусија на домашен терен, на тлото каде што ниту еден противник не треба да се остави така лесно да ги освојува бодовите. Ова е важен меч и за тоа се свесни сите во нашиот репрезентативен табор.

Селекцијата вчера почна со тренинзи. Ги прави последните подготовки пред дуелот в петок, кој се игра на „Арената“, со почеток во 20:45 часот, и дуел кој може да реши многу работи околу нашата борба за третото место.



НАЈВАЖЕН НАТПРЕВАР

И сите се свесни дека дуелот в петок е можеби најважниот меч во квалификациите и дуел кој мора да се добие. Ако, нели, остануваме на оние амбиции од почетокот да бидеме барем на тоа трето место кое обезбедува бараж. Со оглед дека загубивме од Украина и од Словачка, а Шпанија тука не ја сметаме затоа што тие се главни фаворити за првата позиција, и покрај тоа што табелата не кажува така, сега немаме право на нова грешка. Со тоа се согласуваат и фудбалерите.

„Играме дома и ова ни е најважниот меч до сега во квалификациите. Ако сакаме да бидеме пред нив во квалификациите, тогаш мора да победиме. Луксембург го добивме, сега на ред е Белорусија. Игравме добро со Украина и ако ја повториме таа игра, а не ги правиме оние грешки со Словачка, тогаш мислам дека можеме да триумфираме“, вели искусниот Ванче Шиков, кој ќе ја предводи дефанзивата на нашиот национален тим.



ТРЕБА ДА СЕ ДОЈДЕ ДО ТРИТЕ БОДА

Победата над Белорусија треба да биде императив за избраниците на селекторот Ѓуровски. Сè друго освен три бода не доаѓа предвид, односно не врши работа во остварување на целта.

„Па едноставно мораме да дојдеме до победата како знаеме и умееме. Реков дека ова ни е важен меч, можеби еден од поважните. Потоа доаѓаат гостувања во Словачка и во Луксембург. Многу нешта во групата за нас ќе зависат од овој меч, од тоа каков резултат ќе оствариме. Имаме желба и мотиви да дојдеме до нова победа која многу ќе ни значи во една ваква ситуација во која се наоѓаме во моментов. Имаме добри играчи во нападот кои веруваме дека ќе пробијат, а ние од одбраната ќе се одбраниме. Ова е една селекција која е малку реновирана, има неколку нови играчи кои верувам дека добро ќе се вклопат и ќе дадат сè од себе да дојдеме до целта“, додаде Шиков.

БЕЛОРУСИЈА НЕ Е ТОЛКУ СЛАБА КАКО ШТО МИСЛИМЕ

Што да се каже за противникот? Има само еден бод и слаби квалификации, но и нов селектор со кој доаѓаат во Скопје со големи амбиции. И тие како и ние се борат за тоа трето место, или да бидат што погоре пласирани на квалификациската табела. Дека нема да биде лесно, тоа е сигурно.

„Белорусија и не е толку слаба селекција како што ние мислиме дека е. Напротив. Имаат одлични поединци и искусни фудбалери. Како што ние ја гледаме нашата шанса да бидеме погорепласирани, така и тие со нас исто така гледаат шанса да дојдат до победа. Реков дека не е слаба репрезентација и дека в петок нè чека тешка задача. Не треба да нè залажува изгледот на табелата и тоа што тие имаат само еден бод, и тоа освоен на гостувањето кај Луксембург“, рече репрезентативниот стопер.



ТРЧАЊЕ И СИЛА „ПЛУС“, ТЕХНИКА „МИНУС“

Белорусија во минатото беше дел од СССР, ама кога станува збор за фудбалот, и натаму имаат некои елементи од таа поранешна школа. Ванче Шиков е еден од фудбалерите кои беа во Украина, земја која негува сличен фудбал на нашиот следен противник.

„Белорусите ја имаат онаа типична руска школа. Бев во Украина и знам како изгледа таа школа. Практикуваат многу сила и многу трчање, додека техниката им е малку послаба страна. Ние имаме доста добри техничари кои може да го одлучат победникот. Против Украина, која има далеку поквалитетни имиња, добро се носевме, и тоа на гостински терен. Па така мислам дека можеме и против Белорусија. И во минатото против Русија игравме добро покажувајќи дека тие противници ни 'лежат'. Тоа треба да биде мотив плус да дадеме сè од себе и да се обидеме да дојдеме до триумфот“, рече Шиков.

ТРАДИЦИЈАТА СО КЛУБОВИТЕ НЕ МОРА НИШТО ДА ЗНАЧИ

Низ историјата единствено само македонските клубови имаат играно со белоруски, и ниту една не минала понатаму. И она што е најлошо, ниту една нема триумф против екипи од земјата од каде доаѓа нашиот следен противник. Меѓутоа, за Шиков тоа нема значење.



„Да, знам за таа традиција. Меѓутоа, релациите меѓу клубовите и репрезентатициите се сосема различни. Така што тоа не треба ништо да значи. Впрочем, и традициите секогаш постојат за да се рушат и се надеваме дека ќе срушиме една традиција. Таквите клубови од истокот добро ни лежат. Ние имаме проблеми со средноевропските, инаку со тие селекции секогаш сме играле добро. Се надеваме дека така ќе биде и овој пат“, заврши Шиков.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...