Пеп ќе удри по „своите“

Барселона го пречекува Баерн Минхен во првиот меч од полуфиналето на двата тима кои заедно имаат освоено девет европски титули. Каталонците сезонава атакуваат на петиот трофеј, додека тимот од Минхен се надева дека ќе игра во финалето и ќе се бори за шести пат да биде европски владетел. Дуелот на „Ноу Камп“ ќе го одбележи враќањето на Пеп Гвардиола. Некогашниот стратег на Барселона повторно ќе седне на клупата на овој стадион, но за првпат тоа ќе биде како противник.



ТРЕБА ДА ЈА СРУШИ БАРСЕЛОНА КОЈА ТОЈ ЈА СОЗДАДЕ

Гвардиола четири години беше на чело на Барселона, и тоа од 2008 до 2012 година, и направи подвиг кој тешко дека ќе биде достигнат. Освои вкупно 14 трофеи во шест различни натпреварувања. Лигата на шампионите ја освои двапати, и тоа во 2009 и 2011 година. Тој е идејниот творец на тактиката тика-така, во која играчите доминираат во поседот на топката. Тоа го направи со Иниеста, Чави и Меси, фудалери кои и сега се двигатели во тимот. Тоа значи дека Гвардиола едноставно перфектно ја знае играта на тимот кој сега ќе му биде противник.

МЕСИ: СЕГА ТОЈ Е НАШ ПРОТИВНИК

Меси, кој четирипати беше најдобар фудбалер во светот, треба да биде главна опасност за голот на гостите. Токму Аргентинецот најави дека нема да се фокусира на нивниот поранешен тренер туку дека ќе се обиде на теренот да создадат предност пред реваншот во Минхен.

„Пеп добро го познава овој тим. Долго време беше со нас. Заедно доживеавме многу убави моменти, освоивме многу титули. Откако си отиде Гвардиола, не сум имал контакт со него. Се видовме само еднаш на гала свеченост на ФИФА. Сега тој е наш противник. Две силни екипи со голема историја и долг состав. Никој не треба да се жали за повредени играчи. Во 2013 година кога загубивме, ние имавме проблеми со составот, но тоа не беше причината поради која загубивме. Во вакви мечеви нема фаворити“, рече Меси, кој ќе го игра јубилејниот 100 дуел во европските натпреварувања.



ПОРАНО УЖИВАШЕ ДА ГО ГЛЕДА, А СЕГА ЛЕО Е НЕГОВ ПРОБЛЕМ

Гвардиола не штедеше пофални зборови за играта на Меси и најави дека тоа ќе биде неговиот најголем проблем. Стратегот знае дека нема лек како да се сопре Аргентинецот.

„Сите се обидуваат да го сопрат Меси, но на крајот никој не успева во тоа. Ако Лео игра како што знае, тој едноставно е незапирлив. Нема лек за Меси, без разлика со која тактика ќе се излезе на теренот. Некогаш уживав гледајќи ги ривалите како се мачат да го сопрат, а сега јас сум тој што ќе го има истиот проблем. Ова е фудбал и се игра 11 на 11 играчи и ние ќе се обидеме на крајот да се радуваме“, рече Пеп.

КОЈ ЌЕ ЈА ДОБИЕ БИТКАТА НА СРЕДИНАТА?

Барселона со години доминира на средината на теренот, а со доаѓањето на Гвардиола во Минхен и Баерн почна со сличен систем на игра. Тоа се двете екипи кои најчесто ја држат топката во своите нозе. Сега ќе биде многу битно кој ќе ја добие битката на средината на теренот и ќе го диктира ритамот на играта. Баерн знае кога е најпотребно да одигра на највисоко ниво и затоа најтрофејниот тим никогаш не смее да се потцени.

Триото на Барселона, Меси-Нејмар-Суарез, сезоава дадоа 108 погодоци во сите натпреварувања, што го прави да биде едно од најефикасните напади во историјата на фудбалот.



БАЕРН Е КОШМАР ЗА КАТАЛОНЦИТЕ

Баерн е тимот што најмалку му лежи на каталонскиот гигант. Иако ова се две екипи кои со децении водат главна битка во Европа, дури до 1996 година се чекаше на нивната прва средба. Досега имаат одиграно вкупно 8 мечеви, а Барселона се има израдувано само еднаш, и тоа кога на клупата бил Гвардиола.Во останатите седум средби Баерн бил подобар петпати, а две средби завршиле без победник. тоа го знае и тренерот Луис Енрике, кој се надева дека со евентуален триумф и елиминација на Баерн, конечно, ќе излезе од „сенката“ за шампионската приказна која ја има создадено Пеп.

„Успех е влезот во полуфиналето од ЛШ. Во полуфиналето немавме среќа и го добивме Баерн, но секако дека чим сме стигнале до оваа фаза, нема лесни противници“, рече Енрике.

МНОГУ ПОВРЕДЕНИ КАЈ ГОСТИТЕ

Баерн на гостувањето во Барселона ќе биде без неколку играчи кои најчесто имаат место во стартниот тим. Повредени се Робен и Рибери, кои сезонава беа главен двигатен на средината од теренот. Ќе ги нема ниту Бадштубер и Алаба во одбраната, додека напаѓачот Роберт Левандовски ќе игра со маска на лицето бидејчи има покнат нос и вилица. Кај Барселона единствено дефанзивецот Матије нема да биде на располагање за овој дуел.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...