Барселона со огромна предност на реваншот во Минхен во вторник

Екипата на Барселона го совлада Баерн Минхен со 3:0, а победата беше во режија на Лионел Меси и Нејмар кои одигра одлично во моментите кога тоа беше најпотребно.

Иако без неколку клучни играчи тимот на Баерн успеа да се снајде одлично 75 минути, но потоа на „баварците“ им се случи Меси кој со два потега успеа да го реши победникот на средбата.

Прво на додавање од Алвес биеше од далечина и успеа да погоди за водство од 1:0, но и за израмнување според бројот на головите сезонава со Луиз Адријано (Шахтјор) и Кристијано Роналдо. Во 77. минута од средбата сите имаа по девет гола.



Само три минути подоцна Меси успеа да се прошета низ одбраната на Баерн. Успеа и да го седне Боатенг, а потоа да го матира по вторпат Нојер за три минути со што донесе 2:0 и изби на првото место на листата на стрелци во ЛШ за оваа сезона, а исто така и на вечната листа во историјата на Лигата на шампионите.

За да нема дилеми околу севкупната победа се погрижи Нејмар кој во четвртата минута од судиското продолжение успеа да им избега на своите чувари и на тој начин изби сам пред Нојер. Голманот на Германците беше немоќен, а Барса отиде на победа од 3:0 и на предност со која не би требало да има проблеми на реваншот во вторник во Минхен.

ДОМИНАЦИЈА ВО ЦЕЛИОТ МЕЧ

Домашниот состав имаше комплетна доминација во текот на првото полувреме. Контролата на топката беше во корист на домашните, а и средината од теренот беше комплетно освоена.

Фактот дека Баерн Минхен во првото полувреме немаше ниту еден шут кој одеше во рамките на голот на Тер Штеген е уште еден доказ дека „баварците“ беа далеку од потребното во првите 45 минути.

Во второто полувреме работите беа уште повеќе во корист на Барселона, а статистиката вели дека ниту еден шут на Баерн Минхен не заврши во рамките на голот на Тер Штеген.

РАФИЊА ПОДОБАР ОД ТИЈАГО

Браќата кои настапуваат во различен тим имаа можност да ги одмерат силите, но на теренот беа заедно едвај десетина минути. Рафиња кој влезе во финишот беше подобар од својот брат Тијаго Алкантара кој игра за Баерн Минхен и на тој начин му покажа дека направил грешка кога се решил да ја напушти Барселона.



ЛЕО ИЗБРОИ ДО 100

Најдобриот фудбалер на Барселона синоќа го одигра мечот број 100 во европските купови. Од нив 97 се во Лигата на шампионите, а другите три се во рамки на Супер купот на Европа. Доколку Барса стигне до финалето тогаш првиот меч од следната сезона ќе му биде јубилеен во најсилниот европски куп.

БЕЗ РИБЕРИ И ВО МИНХЕН

Екипата на Баерн ќе биде ослабена и на реваншот бидејќи играчите кои не беа во комбинација за мечот на „Ноу Камп“ ќе ги нема и на „Алијанц Арена“. Рибери беше единствениот кој најавуваше враќање на терените, но и тој дефинитивно нема да може да игра така што Гвардиола ќе биде без услугите на искусниот фудбалер од Франција до крајот на сезоната.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...