Гигантите по втората влезница

Двобојот меѓу Реал Мадрид и Јувентус ќе го даде и вториот финалист така што денеска ќе се знае кои ќе бидат тимовите што ќе се најдат во финалето од Лигата на шампионите. Резултатот е таков што не гарантира голема предност за никого. Јувентус има победа од 2:1, која што може да биде неутрализирана за само неколку минути од средбата доколку „кралевите“ конечно успеат да го потврдат она што сите го очекуваат од нив. Во спротивно предноста лесно може и да порасне.

Овие две екипи имаат ривалство кое во ЛШ и КЕШ трае уште од 1962 година кога првпат се судрија во четвртфиналето. Тогаш немаше правило за гол во гости, па место во следната рунда се бараше со мајсторка бидејќи и двете екипи победија како гости со 1:0.



КАРЛО ПРОТИВ ПОРАНЕШНИТЕ

На денешниот дуел Анчелоти ќе има одлична можност да покаже дека може да го однесе тимот до ново финале и да ја продолжи шансата за одбрана на трофејот, нешто што не му успеало на ниту еден тим во историјата на ЛШ. Шансите за ова се отворени, но ќе треба да се склопат многу коцки за да се оствари целиот план.

„Ова е максимално важен момент за нас оваа сезона бидејќи ние сме многу близу до остварувањето на нашата цел. Очекуваме дека на крајот ќе успееме. Можеби статистичките податоци се против нас, но ние дефинитивно ќе се обидеме да дојдеме до позитивен резултат и да успееме да се избориме за финале. Воедно сакаме титула со која ќе го запишеме името на уште едно место во историјата на Лигата на шампионите“, вели Анчелоти.

Италијанецот во својата кариера има седено и на клупата на „Старата дама“. Тоа беше уште на стартот од тренерската кариера, па сега му претстои можност за доказ дека знае како да ги елиминира своите поранешни тимови.

Дека работите се подобри во однос на првиот меч показател е фактот што има далеку поголем избор на играчи отколку на првата средба. Во комбинација е и Бензема, а тука се и Бејл и Крос кои исто така се жалеа на повреди. Оттаму на Анчелоти е да го одбере најдоброто.



„Бензема е добар, но сè уште не знам дали тој или Чичарито ќе стартува во натпреварот. Имаме повеќе опции отколку на првиот натпревар, но дефинитивно во последен момент ќе падне одлуката околу тоа кој играч ќе се најде во првите 11 во нападот. Потребно е да ги имаме најдобро подготвените и најрасположените на терен, па затоа ќе сториме сè денеска да дојдеме до позитивен епилог. Јувентус е сериозен противник што се виде и на првиот меч. Тоа е тим кој има одлични фудбалери кои знаат да играат фудбал. Играат добро и на гостински терен, па затоа нашата цел е денеска да бидеме на потребното ниво и да ја надминеме негативата“.


КОЛУМБИЕЦОТ МОРА ДА БЛЕСНЕ

Џејмс Родригез по паузата се враќа во ритам, но сè уште не е на нивото коешто се очекува од него бидејќи повредата остави трага. Сепак, со оглед на тоа што останаа само неколку меча ова му е натпревар на кој ќе треба да се врати во ритам.

„Мораме да бидеме далеку поконцентрирани отколку на првата средба. Треба да одиграме максимално добро и да тргнеме со висок интензитет уште од стартот на натпреварот. Фокусирани сме на она што ни претстои и мислам дека можеме до успех. Едноставно ќе мораме да ја движиме побрзо топката и да создаваме простор. Нема да биде воопшто лесно, но играме пред нашата публика и тука мора да покажеме дека сме голем тим. Сите размислуваме за финалето. Посакуваме да се најдеме во Берлин бидејќи тој меч ни е навистина потребен за убав крај на сезоната. Се надевам дека сè биде сè добро за нас на крајот“, изјави Џејмс Родригез.



МОРАТА СО НАЈГОЛЕМ МОТИВ

Денешната средба е максимално важна за Алваро Мората бидејќи се враќа на местото каде што ја почна својата кариера. Тој играше за Реал Мадрид пред да се пресели во Јувентус каде што дефинитивно добива многу поголема шанса. Оттаму неговата желба е многу поголема да им покаже на фановите колку голема грешка е направена при неговото пуштање да си замине.

Мората го постигна првиот гол во Торино и го зададе првиот удар кон Реал. Дефинитивно посакува и вечерва да го направи истото, што е само најава дека на екипата на Реал Мадрид и претстои тежок натпревар во кој ќе мора да се одигра на длеку повисоко ниво од првиот меч.

Алваро е најавен во првите 11 и сигурно Алегри ќе го има во првата постава бидејќи тој е далеку помотивиран од другите во составот.



БАРЅАЉИ ГО СОНУВА 6 ЈУНИ

Гостите, пак, ќе имаат задача да ја зачуваат минималната предност. Резултатот од 2:1 од првиот натпревар не гарантира дека денеска ќе може да се игра мирно. Напротив, Јувентус нема право на грешки, а мора да има и расположеност во нападот бидејќи само така може да се дојде до финалето. „Старата дама“ знае како треба за да ја зачува оваа предност бидејќи сезонава го направи еднаш тоа против Борусија Дортмунд.

„Мотивирани сме максимално и сите наши мисли во моментов се насочени кон средбата што треба да ја одиграме во Мадрид. Свесни сме за она што нè очекува и за тоа дека ќе биде бидеме под притисок уште од стартот на натпреварот. Ќе мора да одиграме многу подобар натпревар доколку сакаме да дојдеме до финалето. Би било одлично да се избориме за место на средбата на 6 јуни. Ќе дадеме сè од себе за да успееме да дојдеме до тоа и да го реализираме нашиот сон“, коментира Барѕаљи пред средбата.


ОДБРАНАТА ЌЕ РЕШИ МНОГУ

Дека одбраната ќе треба да биде на потребното ниво покажуваат и коментарите на Киелини кој е еден од клучните играчи.

„Најважно за нас е на овој меч да успееме да постигнеме гол. Се виде во саботата дека и на Бернабе може да се игра убаво против Реал бидејќи Валенсија беше одличен противник во текот на сите 90 минути. Доколку успееме први да дадеме гол тогаш ќе го зголемиме притисокот кај Реал и дефинитивно ова ќе биде многу интересна средба. Ние во одбраната ќе се обидеме да одработиме најдобро што може и да успееме во планот за натпревар во Берлин“, вели Киелини.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жената ја спушта слушалката по телефонскиот разговор и мажот и и довикнува од дневната соба:
- Не можам да поверувам дека разговараше само половина час!
- Грешка беше!!!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1755.- На иницијатива на големиот руски научник,...
1833.- Во Хамбург е роден Јоханес Брамс,...
1838.- Францускиот сликар Луј Дагер го откри...
1840.- Во Камско-Воткинск е роден Петар Илич...