„Старата дама“ го покори Мадрид

Составот на Јувентус и се придружи на Барселона во финалето од Лигата на шампионите на 6 јуни во Берлин откако одигра нерешено против екипата на Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабе“ и на тој начин со вкупни 3:2 дојде до место во финалниот дуел. „Кралевите“ се поразија самите, а долго ќе се зборува и за пеналот кој го добија од Ериксон за да поведат со 1:0.

СОМНИТЕЛЕН ПЕНАЛ ЗА ПРЕДНОСТ

Средбата тргна со шанса за домашните после само триесетина секунди игра. Герет Бејл беше непрецизен, но најави допадлив и возбудлив фудбал.



И покрај тоа шансите се редеа на двете страни, но ниту една не беше доволно сериозна за да донесе погодок. Дури и акцијата од која Реал доби пенал не носеше толку голема опасност. Прво имаше прекршок над Роналдо, но Ериксон дозволи играта да продолжи, а потоа Киелини го удри Родригез по нога, доволно тој да падне во шеснаесетникот. Можеби престрого, но после контактот Ериксон одлучи да покаже на белата точка, а таму Роналдо немаше проблеми и за разлика од саботата биеше по средината на голот. Буфон тргна кон негово десно, а тоа беше доволно за водство од 1:0 на средина од првото полувреме.

Овој резултат беше доволен за тактичка игра на домашните, кои имаа уште неколку шанси, но Роналдо при најубавата можност не беше прецизен и топката заврши од надворешната страна на голот.

Сето ова го однесе составот на Реал на одмор со 1:0, резултат кој го носеше кралскиот клуб во финалето против Барселона.



МОРАТА ИМ ПРЕСУДИ НА ПОРАНЕШНИТЕ

Второто полувреме беше една нова сосема поинаква приказна во која Јувентус одлучи да зададе удар со кој ќе го направи мечот многу поинтересен. Приодите кон голот на Буфон на стартот беа затворени. Средниот ред одлично функционираше, а тоа носеше резултат бидејќи иницијативата на Јуве стануваше сè поочигледна.

Прво Маркизио се закани од далечина, а потоа при една мешаница Погба успеа да симне една топка која Мората ја прими и потоа непречен од никого биеше по средината на голот и го матираше Касиљас.

Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид уште еднаш им пресуди на своите и им зададе тежок удар и тоа после само 12 минути игра во второто полувреме.

„КРАДЕЊЕ“ НА ВРЕМЕТО

Овој резултат им одговараше на фудбалерите на Јувентус кои можеа да одиграат дефанзивно до крајот на средбата. Алегри можеше да прави замени и да го задржува времето, а тоа одлично го правеа и Буфон и Погба кои имаа свои одлични улоги во моментите кога беше најпотребно.

После голот за израмнување на Реал Мадрид му беше оставено да игра во средината, но до голот на Буфон се стигаше тешко со додавања. Мораше да се нафрлува од далечина, а поголемиот број од топките беа лесен плен за голманот на гостите.



КАСИЉАС СЕ ПОСРАМОТИ

На 60 секунди до крајот Касиљас се обиде да им помогне на колегите за побрзо да ја уфрлат топката во терен, но место тоа направи катастрофална грешка и топката им беше одземена. Јуве доби аут, а топката без проблеми беше зачувана во свој посед и на тој начин беше зачувано ремито кое го однесе шампионот на Италија во финалето.

НЕМА ОДБРАНА НА ТИТУЛАТА

Црната серија за освојувачите на титулата која трае уште од стартот на Лигата на шампионите продолжува, а Реал Мадрид се придодаде на долгиот список на екипи кои не успеале да го одбранат трофејот. Јасно е дека на 6 јуни ќе има нов првак, а дефинитивно Реал Мадрид ќе ја предаде круната на Барселона или на Јувентус.

РОНАЛДО ПАК ИСТО СО МЕСИ

Фудбалерот на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо уште еднаш се израмни со Лионел Меси според бројот на погодоци во Лигата на шампионите. Двајцата го делат првото место на вечната листа со по 77 бода, а разликата е само до бројот на одиграни средби. Роналдо има повеќе, но тоа не е воопшто важно бидејќи според она што го имаат прикажано и според тоа како играат сосема заслужено се на врвот и веќе го оставаат Раул далеку зад нив.

Со оглед на тоа што Меси ќе има уште една средби на 6 јуни, а Роналдо може да дојде до нова измена.

РЕАЛ ОСТАНУВА БЕЗ ТИТУЛА

Поразот во полуфиналето од Лигата на шампионите најверојатно го остава Реал Мадрид без титула бидејќи во Купот на Шпанија одамна ги загуби шансите за игра во финалето. Покрај тоа во првенството заостанува четири бода зад Барселона на две кола до крај (може и да не се одиграат) така што ова е тотален неуспех за Реал Мадрид и дефинитивно сезона која ќе биде оценета како една од најлошите во последните неколку години.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жената ја спушта слушалката по телефонскиот разговор и мажот и и довикнува од дневната соба:
- Не можам да поверувам дека разговараше само половина час!
- Грешка беше!!!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1755.- На иницијатива на големиот руски научник,...
1833.- Во Хамбург е роден Јоханес Брамс,...
1838.- Францускиот сликар Луј Дагер го откри...
1840.- Во Камско-Воткинск е роден Петар Илич...