Голден Стејт и Денвер ја продолжуваат битката за врвот на Западот

Голден Стејт и Денвер ја продолжуваат битката за врвот на Западната конференција во НБА, а синоќа дојдоа до нови победи.

Шампионите немаа проблеми против Индијана и победија со 112:89, по силна втора и трета четвртина, освоени со вкупно 69:43.

ДеМаркус Казнс забележа 19 поени, Клеј Томпсон се истакна со 18,додека Кевин Дурант постигна 15 поени во триумфот на „воините“.

Во исто време, Денвер имаше повеќе проблеми, но победи при посетата на Вашингтон со 113:108. Осум играчи на Нагетс завршија со двоцифрен број на поени, откако Никола Јокиќ запиша 15 поени и 11 асистенции, за петтата последователна победа, извојувана во последната четвртина.

Голден Стејт сеуште е лидер со 49-22, но Денвер е блиску со 48-22, а до крајот на сезоната има уште еден директен натпревар помеѓу двата тима, кој ќе биде во Оукленд.

Инаку поразот на Јута во Атланта со 114:117 ја искомплицира ситуацијата во конференцијата откако Џез, Оклахома Сити, Сан Антонио и Л.А. Клиперс се со биланс 42-30 и водат битка од петтата до осмата позиција. Хјустон и Портланд се трети и четврти со 45-27 и 44-27, соодветно.

Останатите резултати:

Шарлот – Минесота 113:106

Феникс – Детроит 98: 118

Сакраменто – Далас 116: 100.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се возат во воз прилепчанец и Босанец. Му здосадило на Босанецот и му вели на прилепчанецот.
Окле си?
И прилепчанецов не одговара.
По некое време Босанецов пак:
Окле...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1356.- Англиската армија предводена од Црниот...
1551.- Роден е францускиот крал Анри III,...
1802.- Роден е унгарскиот револуционер Лајош...
1833.- Црногорскиот владика Петар II Петровиќ...