Обврските кон Фенербахче не ми дозволуваа целосно да се посветам на грчката репрезентација

Кошаркарскиот стручњак Димитрис Итудис преку соопштение објавено на социјалните мрежи ја објасни неговата одлука да ја напушти функцијата селектор на грчката репрезентација.



- Во март 2022 година, откако бев поканет и почестен од претседателот на Федерацијата, г-дин Лиолиос, ја презедов функцијата селектор на грчката репрезентација. Позиција која отсекогаш ја сметав за чест и одговорност. Сето ова време дадов се за успехот на нашата репрезентација. И покрај предизвиците со кои се соочи нашиот тим, верувам дека се боревме напорно, претставувајќи ја нашата земја со почит, посветеност и пожртвуваност.

По неодамнешното Светско првенство, тимот успеа да се квалификува за олимпискиот квалификациски турнир за да стигне до Олимпијадата. Овој турнир ќе се одржи само неколку недели по крајот на сезоната за екипите од Евролигата кои се натпреваруваат во нивните првенства.

Од првиот момент кога ја презедов нашата екипа мислев дека треба да се обедини. Ова е тимот на сите Грци и ние сме должни да го ставиме над нашата лична волја и нашите лични интереси. Во овој случај, моја лична волја е да го водам тимот на претстојниот олимписки квалификациски турнир.

Сепак, моите обврски кон клубот, кои завршуваат само неколку недели пред почетокот на квалификациите, не ми дозволуваат да бидам на располагање до степен до кој верувам дека бара подготовка за еден ваков важен турнир. Затоа, по консултации со претседателот на федерацијата, г-дин Лиолиос, одлучивме дека ќе бидам со федерацијата и нашиот тим само на некомерцијална основа, давајќи совети и кажувајќи го моето мислење кога и доколку е потребно, напиша Итудис.

Во текот на својата богата тренерска кариера, Итудис ги предводеше и екипите на ПАОК, Филипос Солун, МЕНТ, Банвит, ЦСКА Москва. Селектор на Грција беше од 2022 година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се запишале Трпе, Мали Џокица и Џемо во прво одделение. После првиот час, земале да си ги мерат пенисите.
Знаете кој имал најголем?
Џемо, зашто имал 18 години!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден за заштита на животните
- Светски ден на населбите
1669.- Во Амстердам умре Харменсон ван Рајн...
1787.- Роден е францускиот политичар и историчар...