Дончиќ за дебито: Одамна не сум имал толкава трема

Дебито на Лука Дончиќ за Лос Анџелес Лејкерс помина во голем стил, но тој самиот призна дека му било малку непријатно и имал трема.



Дончиќ го одигра првиот натпревар во дресот на „езерџиите“ по трејдот, против Јута. Во своето деби за својот нов клуб, тој постигна 14 поени, забележа пет скока и четири асистенции, додека Л.А. го совлада противникот за шестата последователна победа (132:113).

-Леле, многу луѓе. Тоа беше нешто посебно. Кога ги гледав момците на теренот на последните натпревари, само мислев дека сакам да играм со нив, рече Лука Дончиќ при пристигнувањето на прес-конференцијата по долгоочекуваното деби за Лос Анџелес Лејкерс.

Дончиќ во дебито постигна 14 поени, но шутот не му одеше најдобро. Тој погоди 5 од 14 обиди од поле по долгото лекување на повредата на глутеалниот мускул, а последен пат играше на Божиќ.

-Бев малку нервозен. Тоа не ми се случило пред натпревар долго време. Не сум играл долго време. Ова е нов тим за мене. Но, беше забавно на теренот, призна словенечкиот репрезентативец и додаде:„Ова е нов тим, ново сè. Ми се допаѓа начинот на кој ми помогнаа – моите соиграчи, Роб (Пелинка, ГМ), Џини (Бас, сопственик). Чувствував голема поддршка. Беше очигледно... Кога дојдов во салата, ги видов сите дресови „Лука“. Надреално чувство“.

Пред натпреварот го охрабри и Леброн Џејмс кој му порача да биде тоа што е.

-За Леброн да каже нешто такво ми дава дополнителна самодоверба. Се наежив. Посебно е. Тој ја гледа играта поинаку од многу луѓе, неговата интелигенција е луда. И знаете, имајќи двајца такви момци на теренот, мислам дека тоа ќе му помогне на целиот тим, рече Дончиќ.

Натпреварот го следеше и Дирк Новицки, легендата на Далас Маверикс.

-Многу ми значи. Дека дојде. Тој е мој голем пријател, секогаш сум го гледал, тој е одличен ментор. Фактот што се појави, што долета од Далас е неверојатно и јас навистина, навистина го ценам тоа, додаде Дончиќ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Разговор пекаде на Балканот:
"Зошто ја пративте ќерката да студира филозофија?"
"Па, кога ќе се омажи, додека му прави ручек на мажот, да има за што да размислува!"
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Ден на Европа
1502.- Славниот џеновски морепловец Кристофер...
1800.- Роден е Џон Браун, американски фармер,...
1805.- Во Вајмар умре Фридрих Шилер, еден од...