Перо Антиќ останува капитен на македонската кошаркарска репрезентација и на Олимпискиот квалификациски турнир во Венецуела. Иако, беше најавувано дека Предраг Самарџиски ќе ја преземе капитенската улога, според информациите до кои дојде МИА, на синоќешниот технички состанок на ФИБА пред почетокот на турнирот во Каракас, во официјалниот состав со кој се потврдуваат генералиите на играчите кои ќе настапат на овој турнир, Перо Антиќ е наведен како капитен на нашиот национален тим.

Составот кој ќе се обиде да стане првата репрезентација која на Македонија и обезбедила пласман на Олимпијада во колективните спортови е:
4. Александар Костовски,
5. Владо Илиевски,
6. Дарко Соколов,
7. Лестер Бо Мекејлеб,
8. Војдан Стојановски,
9. Дамјан Стојановски,
10. Марко Симоновски,
11. Тодор Гечевски,
12. Перо Антиќ (капитен),
13. Кирил Николовски,
14. Ѓорѓи Чековски и
15. Предраг Самарџиски.
Селектор: Марјан Лазовски.