Антиќ повика на максимално залагање од сите

Капитенот на македонската кошаркарска репрезентација Перо Антиќ ги повика своите соиграчи на максимална борбеност во текот на целиот натпревар.

- Мора да се вратиме и да заиграме посилно. Да најдеме начин да се кренеме, да продолжиме да се бориме во наредните натпревари. Следниот е решавачки, или ќе продолжиме да се бориме, или ќе се вратиме дома. Мораме поенергично на теренот од стартот, не да чекаме противникот да направи предност, па потоа да ја бркаме. Потребно е да се бориме максимално од почетокот во сите 40 минути, истакна Антиќ пред вечерашниот натпревар со Нов Зеланд.

Македонскиот капитен за синоќешната победа на Ангола вели дека била заслужена, а упати комплименти за играта на Анголците.

- Тие имаа одлична шутерска серија, со повеќе од 70 проценти реализација за три поени и тоа е тешко да се брани. Сите нивни шутеви беа преку наш одбранбен играч и тие имаа навистина добар ден. Ангола е добра репрезентација, физички доста подготвена и им ја честитам победата која ја заслужија, рече Антиќ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Малиот Трпе го прашува деда си.
- Дедо, сакаш студентка да имаш за жена?
- Е, а кој не би сакал.
- Е па запиши ја баба на факултет!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
ообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради...
Верски календар
На денешен ден
1511.- Роден е италијанскиот сликар, архитект и...
1619.- Во Џемстаун, во Вирџинија, САД, се одржа...
1818.- Родена е англиската писателка со ирско...
1863.- Роден е Хенри Форд, производител и...