Кошаркарската репрезентација на Македонија четвртфиналниот натпревар на квалификацискиот олимписки турнир во Каракас против Доминиканска Република ќе го одигра утревечер половина час пред полноќ по македонско време. Тоа е официјалниот термин кој рано утрово го објави ФИБА на својот сајт, откако домаќинот Венецуела не успеа да се пласира меѓу осумте најдобри.

Во првото четвртфинале утре од 17 часот и 30 минути ќе играат Русија - Ангола.
Репрезентациите на Грција и Нигерија ќе играат во терминот од 20 часот.
По натпреварот Македонија - Доминиканската Република (почеток 23 часот и 30 минути) четвртфиналето ќе биде заокружено со средбата Литвaнија - Порторико која ќе започне во 2 часот по полноќ (ноќта петок кон сабота).

ФИБА ги одреди и полуфиналните двојки. Во нив ќе играат подобрите од натпреварите Грција - Нигерија и Русија - Ангола, односно Литванија - Порторико и Македонија - Доминиканска Република.
Победниците од полуфиналните натпревари директно обезбедуваат пласман на Олимпијадата во Лондон.