Класен веќе не е член на МЗТ

Натпреварот со Партизан одигран на 31 јануари се покажа дека е последен за Овен Класен во дресот на МЗТ Скопје Аеродром. Повредата на грбот со која се здоби Класен, го спречи Канаѓанецот да биде дел од тимот во еден чувствителен дел од сезоната. Паузата која ја имаше беше подолга од првичните прогнози, и сето тоа придонесе да дојде до спогодбен раскин на договорот.

На натпреварот со Цибона во неделата го немаше Класен во салата и тоа беше знак дека тој веќе не е во Скопје. Уште со изјавата на Алеш Пипан по дуелот со Унион Олимпија стана јасно дека клубот ќе бара нов играч кој може да ги покрие позициите крилен центар и центар.



МЗТ беше првиот странски клуб за којшто играл 23-годишниот Класен и неискуството од играње во европската кошарка беше видливо на некои средби. Борбеноста не му недостасуваше, но кога дојде на местото на Милтон Џенингс некаде на почетокот на сезоната, се очекуваше можеби и повеќе од него. Променливите игри и повредата на грбот сепак беа губитничка комбинација.

Во АБА лигата, Класен одигра 18 натпревари и придонесот во просек му беше 5,3 поени и 5,7 скока за 17,6 минути по меч. До пред доаѓањето на Предраг Самарџиски, Класен беше прв скокач во екипата со мал предност пред Иван Маринковиќ. Во домашното првенство, Класен на осум средби имаше просек од 6,6 поени и 4,9 скока за 12,8 минути.

Тој кога дојде во МЗТ го носеше дресот со број 5, а потоа ја зеде „двојката“, откако „петката“ се најде на грбот на Стефан Синовец.

Заминувањето на Класен значи дека МЗТ во моментов има пет странци на располагање и се работи на доведување на уште еден, за исполнување на максимумот од шестмина колку што се дозволени за настап на меч во македонската лига. Внатрешната линија, која во моментов ја сочинуваат Самарџиски, Кирил Николовски и Љубомир Младеновски (Урош Лучиќ ќе се врати за околу три недели), ќе мора брзо биде освежена со уште еден висок играч, но засега нема официјални информации кога точно ќе се случи тоа. Преодниот рок завршува на еден ден пред стартот на Суперлигата. Ако се знае дека вториот дел од сезоната почнува на 28 март, тогаш на МЗТ му остануваат уште помалку од десет дена за да се засили со кошаркар по вкус на тренерот Пипан.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...