Ван дер Гарде и Заубер се договорија

Гиедо ван дер Гарде вели дека неговиот сон за возење во Формула 1 е „одземен“ откако се согласи на откажување на договорот со тимот на Заубер.

Холанѓанецот реши да се договори со Заубер откако во Австралија судскиот спор за малку ќе го спречеше малиот швајцарски тим да настапи. 29-годишниот Ван дер Гарде доби судска одлука дека мора да биде дел од тимот на Заубер, но се согласи на прекинување на договорот, за што секако доби некаква финансиска надокнада.



„Сонот за Ф1 ми е одземен, и сега знам дека најверојатно нема никогаш да возам во Формула 1. Имав валиден договор за целата сезона 2015 и мерки да го спроведам. Моите спонзори платија за сезоната 2015 уште во 2014, како дел од добрата волја да се помогне на тимот. Значи, моите спонзори му помогнаа на тимот да преживее. Нивните финансиски одлуки се бизарни и тие сега ми платија отштета. Тоа е единственото нешто за што можам да бидам задоволен“, изјави Ван дер Гарде.

Заубер на ова одговорија дека нема да „влегуваат во борба со кал“ со Ван дер Гарде.

„Навистина сме изненадени. Не знаеме кои се неговите намери, тој може да се претставува како победник. Имаме многу добри одговори за неговите тврдења, меѓутоа ако инсистираме на нив тоа нема да помогне на нашите фанови и партнери. Нема да влегуваме во борба со кал преку медиумите“, објави Заубер.



НХЛ РЕЗУЛТАТИ

Каролина - Отава 1:2 ОТ

Њу Џерси - Питсбург 2:0

Бостон - Бафало 1:2 пен.

Флорида - Монтреал 2:3

Нешвил - Минесота 2:3 ОТ

Винипег - Сан Хозе 5:2

Чикаго - Њујорк Ајлендерс 4:1

Калгари - Сент Луис 0:4

Ванкувер - Филаделфија 4:1



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жената одненадеж се враќа дома и ја затекнува домашната помошничк седната во скутот на мажот и.
Аууу - мажу! - извикува сопругата. Па нема ни половина час како ти ги испеглав...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Ден на Европа
1502.- Славниот џеновски морепловец Кристофер...
1800.- Роден е Џон Браун, американски фармер,...
1805.- Во Вајмар умре Фридрих Шилер, еден од...