Следуваат двата најважни натпревари кои долго ги чекавме, одиме на победа


Машката македонска ракометна репрезентација отпатува за Сент Гален, каде утре против Швајцарија ќе го одигра претпоследниот натпревар во квалификациите за Европското првенство, што следната година ќе се одржи во Полска.

Иако, видно ослабени без, Ренато Вугринец, Наумче Мојсовски и најверојатно капитенот Кирил Лазаров кој се уште ја нема залечено повредата, во редовите на нашиот национален тим размислуваат само за победа.



Централнот бек, Филип Миркуловски, најавува дека и покрај проблемите со кои се соочуваат, сепак, нашиот национален тим има големо искуство и ќе најде сили од Швајцарија да се врати со победа.

- Следуваат двата најважни натпревари за нас, два меча кои одамна ги очекуваме. Швајцарија е без освоен бод, а ние атакуваме на пласман на ЕП. Иако, најверојатно ќе играме без Кире Лазаров, сепак оваа репрезентација има многу искусни играчи, и верувам дека ќе го надополниме отсуството на Кире, изјави Миркуловски.

Ракометарот на германскиот Вацлар, ќе ја има можеби најтешката задача на претстојниот меч, а однего ќе се очекува најмногу, бидејќи е најискусниот од триото бекови кое на располагање го има селекторот Ивица Обрван.

Сепак, тоа не го загрижува Миркуловски, кој верува дека против Швајцарија, сите размислуваат само за полн плен.

-Швајцарија е добра репрезентација, но ние сме поквалитетни, а наша цел е да оствариме победа, па во дуелот против Чешка во Скопје, предводени од нашите верни навивачи, уште еднаш да ја оствариме целта и да се пласираме на завршницата на Европското првенство во Полска’, завршува Миркуловски.



Натпреварот Швајцарија – Македонија ќе се игра утре во Сент Гален со почеток од 20 часот, мечот ќе го суди рускиот пар Евгениј Зотин и Николај Волотков, а делегат е Петер Хансон од Шведска.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо му раскажува па Суљо:
"Замисли, Суљо, со Хасо бевме во шумата кога почна страшно невреме. Отидовме кај него дома, ама дождот не престануваше, па останав да преспијам. И така...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на Црвениот крст и на Црвената...
1688.- Роден е Ален Рене Лесаж, француски...
1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски...
1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан,...