Победнички марш кон ЕП Полска

Дуелот меѓу Македонија и Швајцарија својата увертира ја имаше во Брно, Чешка, каде што Франција убедливо го совлада нашиот следен противник. Тоа го направи за нас вчерашниот меч резултатски неважен и му ја олесни на Ивица Обрван ситуацијата.



Селекторот на Македонија непосредно пред натпреварот можеше да здивне и да комбинира не само за игра туку и за одмор на играчите, посебно на Кире Лазаров, кој допатува нецелосно заздравен од повредата на мускулот.

Овој резултат беше потстрек и за домашната репрезентација на која вчерашната средба ѝ беше последната шанса за освои барем бод и така да избегне играње претквалификации следната сезона.

Швајцарија се обиде со изборот на нивниот најспортски град, Санк Гален да обезбеди поголема поддршка за нивната репрезентација, ја зголеми и цената на билетите за дуелот со Македонија за 10 франци (35 франци/евра), но на пола час пред почетокот на натпреварот, влезот на салата беше обоен во жолто и црвено и беше јасно дека и овој пат Македонија ќе игра на домашен терен среде Швајцарија.

Најавата беше дека ќе има околу 500 Македонци на натпреварот, ги имаше и нешто повеќе во салата која собира околу 2000 гледачи.

Швајцарската федерација, пак, не пропушти пред својата публика да му честита на Анди Шмит за изборот на најдобар играч во Бундес-лигата. А за да се надгласа „фалангата“ беа ангажирани 15 големи тапани.



ДЕФАНЗИВЕН „УДАР“

Првиот напад на Швајцарија заврши со „банана“, а во напад очекувано во првата постава се најде Митков, заедно со Ф. Лазаров и Миркуловски. Невоиграниот напад на Македонија долго се обидуваше да дојде до позиција, за на крај Миркуловски да бие и погоди за 1:0. Но, само неколку секунди подоцна врати Шмит за 1:1.

Одново Миркуловски нè доведе во предност, а за 2:2 се погрижи Граубнер.

Митков му асистираше на Стоилов за водство од 3:2, Швајцарија израмни и продолжи со играта гол за гол. Со головите на Митков и Кире Лазаров од пенал, Македонија за првпат поведе со два разлика, во деветтата минута.

По третата интервенција на Ристовски, Македонија тргна во напад за плус три, Манасков изнуди пенал и исклучување, а Лазаров погоди за водство од 6:3.

Посигурниот дел во нашата игра беше оној во одбраната. Домашните имаа мака да дојдат до позиција за шут, што резултираше со нов утнат шут, подоцна казнет од Митков и Македонија имаше 7:3 во 14. минута. И одново Швајцарија не знаеше како да дојде до позиција за шут, па Ролф Брак побара минута одмор за консолидација на редовите.

Ништо не помогна, Швајцарија дури по пост од 10 минути погоди за 4:8, по тоа успеа и да намали на 5:8.

Прибак го замени Миркуловски и веднаш погоди за 9:5, а Митков за 10:5.

Ролф Брак се обидуваше нешто смени во својот тим, но решенијата од клупата беа полоши од тие што ги имаше на терен. Единствен што играше добро беше Шмит, но тој беше добро чуван.

Потоа севнаа и две контри преку Георгиевски и Македонија на три минути до крајот на полувремето водеше со 14:6. По тоа и Манасков пушти нога за трета македонска контра по ред и на минута до крајот водевме со 15:7. За малку тоа ќе беше и резултат на полувреме, но Граубнер погоди од слободен удар по истекот на времето и на полувреме се замина со резултат 15:8 за Македонија.



КРИЗА ВО НАПАДОТ

Македонија во почетните минути од вториот дел не искористи неколку напади, заработи и две исклучувања, но домашните не видоа голема корист од тоа со оглед на резултатот 17:9 по четири минути игра.

Не бевме во ритамот од првиот дел, Швајцарците наоѓаа простор за десното крило Далер, но од три шута, Ристовски два му одбрани. Но, и Портман, швајцарскиот голман влезе во серија од 3 одбрани, а Македонија заработи и трето исклучување за период од 6 минути и тоа ја врати во игра домашната селекција и ја разбуди и нивната до тој момент заспана публика.

Шмит, кој играше со болна гримаса со својот четврти гол, намали на 12:17 во 39. минута. На Македонија и требаше гол за да се врати во ритам, се развреви и „фалангата“, но не одеше во нападот. Швајцарија играше поподвижно и поагресивно во одбрана и се избори за уште еден напад, при резултат 12:17. Тој напад го одбранивме, по тоа изнудивме и пенал, но Портман го одбрани шутот на Кирил Лазаров и предизвика уште поголема еуфорија кај Швајцарците. И следниот нивни напад го одбранивме, нашата зона заличе на таа од првиот дел, за конечно, Стоилов да го прекине нашиот пост и да зголеми на 18:12. Во 48 минута, Швајцарија намали на 14:19 и Обрван побара тајм аут.

На десет минути до крајот, Македонија водеше со 21:14 и беше на безбедна дистанца. Го видовме и Велко Маркоски на позиција десен бек во напад и изнуди и пенал кој Лазаров го претвори во 22:14. На пет минути до крајот шанса да игра добија Костески и Талески, Македонија имаше плус осум и победата веќе беше обезбедена.

МОЈСОСКИ НЕИЗВЕСЕН И ЗА ЧЕШКА

Македонија на вчерашната средба настапи без Катарецот Наумче Мојсоски, а веројатно така ќе биде и в недела кога во Скопје доаѓа Чешка. Причините се истите, Катарците одолговлекуваат со исплатата на плати и премии, не се нималку засегнати дека за таквото однесува им следуваат санкции и си тераат по свое.

РФМ се обидува да направи притисок врз нивната Федерација, но тешко дека ќе успее да пробие низ нивната дефанзивна напаѓачка зона.

Според тоа што можевме да го заклучиме од досегашниот развој на ситуацијата, тешко дека Мојсоски ќе успее да дојде навреме за натпреварот со Чешка.



И ФРАНЦИЈА ОДИГРА ЗА НАС

Математиките пред вчерашниот дуел беа во зависност од тоа како ќе одиграат нашите противници во групата. Но, немаше никакви причини за загриженост, а тоа го потврдија и случувањата на теренот, со оглед на тоа дека и покрај отсуството на првата ѕвезда во тимот, Никола Карабатиќ, „галските петли“ одиграа како што требаше. Со убедливи 23:24 (18:14) го затворија мечот во Брно оставајќи нè во меѓусебниот дуел со Чесите да одлучиме кој ќе биде вториот директен патник од групата на континенталниот собир.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо му раскажува па Суљо:
"Замисли, Суљо, со Хасо бевме во шумата кога почна страшно невреме. Отидовме кај него дома, ама дождот не престануваше, па останав да преспијам. И така...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на Црвениот крст и на Црвената...
1688.- Роден е Ален Рене Лесаж, француски...
1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски...
1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан,...