Новак Ѓоковиќ ја одбрани титулата на Вимблдон

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ триумфираше на Вимблдон откако во финалето попладнево го совлада вториот светски тенисер Рожер Федерер со 3:1 во сетови (7:6 (7:1); 6:7 (10:12); 6:4 и 6:3). Ѓоковиќ во репризата на ланското финале го совлада големиот ривал и со тоа го изедначи скорот во меѓусебните дуели (20:20 во победи). Српскиот тенисер третпат победи на Вимблдон – 2011, 2014 и 2015 година.



Првиот сет Ѓоковиќ го доби во тај брекот со 7:1 на поени, иако Федерер имаше предност од брејк во овој сет. Во вториот сет по голема борба во тај брекот Федерер беше поуспешен со 12:10 на поени, а Ѓоковиќ пропушти седум сет топки за водство од 2:0. Во следните два сета Ѓоковиќ беше подобар со 6:4 и 6:3 во гемови. Во третиот сет поради дожд мечот беше во прекин околу 15 минути.

Финалето во машка конкуренција траеше 2 часа и 55 минути.

Федерер го играше своето десетто финале на Вимблдон и остана со седум титули, а ова беше негов трет пораз во финале (втор од Ѓоковиќ).



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...