Лавовите“ да паднат во Вардаровата „стапица“

Како и минатата сезона, така и оваа македонскиот првак Вардар втората победа на домашен терен во групната фаза од Лигата на шампионите ќе ја бара против Рајн Некар Левен, попладнево, 17:30 часот, во СЦ „Јане Сандански“. „Црвено-црниот“ табор и германскиот вицепрвак третпат во најсилното европско клупско натпреварување ќе ги измерат силите. Лани вардарци забележаа победи и во двата натпревари и во Скопје и на оној во Манхајм, кој одлучуваше за позицијата во групата. Неполна година подоцна би можело да се каже дека двата тима се одново во таква ситуација да се борат за пол-позицијата во групата Б, која во моментов ја има Вардар со максимални 6 бода, додека „лавовите“ се чекор зад нив со 5 бода, откако ремизираа со Киелце минатиот викенд. Македонскиот првак има беспрекорен старт во Лигата на шампионите, а секако дека и желбите и очекувањата како на тимот, така и на сите поддржувачи на момците во „црвено-црни“ дресови се продолжување на победничката серија и позитивната традиција во дуелите против бундеслигашот.



„Вардар е во одлична ситуација, три натпревар, три победи, шест бода и лидерска позиција на табелата. Би сакале да продолжиме така затоа што двата бода против РНЛ на домашен терен ќе ни бидат особено важни во продолжението на сезоната. Имаме и позитивна традиција против нив, лани двапати ги победивме, но не смееме да се потпреме на тоа. Тие натпревари мора да се заборават, ова е нова сезона, нови амбиции и предизвици и нема сомневање дека и Рајн Некар ќе допатува во Скопје со желба да си оди со два бода“, смета десното крило на Вардар, Даниел Шишкарев.

БРЗИНАТА И ОДБРАНАТА ВАЖНИ

За Вардар и Рајн Некар Левен важи истата карактеристика дека играат брз, агресивен ракомет и несомнено е дека ќе гледаме и тактично надмудрување на двата стратези. Раул Гонзалез ќе има мисија да ја задржи позитивната слика против „лавовите“, додека Николај Јакобсен ќе се обиде да најде „формула“ со која ќе им се одмазди на вардарци за ланскиот неуспех во меѓусебните дуели.

„Рајн Некар се многу добра екипа, а и имаат доличен ритам како во германското првенство, така и во Лигата на шампионите. Нема лесен меч во ЛШ, па така и овој дуел ќе биде несомнено тежок и исцрпувачки. Мора да имаме добар старт, да наметнеме наше темпо на игра. Во моментов добро функционираме и со 5-1 и со 6-0 одбрана, а дефанзивата е многу важен фактор за добра игра, па тренерот ќе реши како ќе почнеме и колку ќе комбинираме. Мора да бидеме сериозни, агресивни и цврсти. Играме донекаде ист ракомет со РНЛ, и тие и ние имаме брзи крила, кои може да нападнат со контра затоа мора да бидеме многу внимателни и концентрирани“, потенцира Шишкарев.



ЈАКОБСЕН „ВАРДАР Е ТИМ ЗА Ф4“

Скопскиот пекол е добро познат за Рајн Некар Левен, па оттаму Германците доаѓаат со резервирани коментари и најави за натпреварот.

„Вардар е многу силен тим, особено кога игра на домашен терен и со поддршка од својата публика. За мене Вардар е кандидат за Ф4. Знаеме што нè чека во Скопје и ќе биде многу тешко да се победи таму“, коментираше за германските медиуми тренерот на РНЛ, Николај Јакобсен.



СТАНИЌ НЕ ДОАЃА ВО СКОПЈЕ

Дека се избројани деновите на голманот Дарко Станиќ во редовите на Рајн Некар Левен потврдува и фактот дека српскиот интернационалец нема да допатува во Скопје и нема да се најде во составот на „лавовите“ за денешниот меч против Вардар во Лигата на шампионите.

Станиќ најави дека кариерата ја продолжува во катарски Ел Џаиш, а германските медиуми веќе го најавуваат Рихард Штохл како негова замена на голот на РНЛ во продолжението од сезоната.

„КОМИТИ“ НА ТРИБИНИТЕ

Откако најверните поддржувачи на Вардар, навивачката група „Комити“ го пропуштија првиот меч во СЦ „Јане Сандански“ со Пик Сегед од Лигата на шампионите, денеска тие ќе бидат на трибините. „Комити“ и раководството на клубот се договорија за конструктивна понатамошна соработка, на, како што се вели во соопштението на навивачката група „заемно задоволство со цел враќање на една од најдобрите атмосфери во сала во Европа“.

Билетите за „Комити“ ќе се продаваат по симболична цена од 100 денари, а собраните сретства ќе бидат наменети за првичен оперативен зафат, во Германија, на нивниот член Горан Николоски – Турчин.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...