Вардарки заминаа за Данска каде ќе го играат реваншот со Митјиланд

„Победата во Скопје не значи ништо. Ова е нова битка, многу потешка, која мора да се добие за да се задржи темпото“ – констатира капитенот на „црвено-црните“

Вториот круг од групната фаза во Лигата на шампионите за ЖРК Вардар почнува на гостински терен, в недела, во реванш дуелот со Митјиланд. Победата во Скопје имаше и тоа како големо значење за враќање на самодовербата, но и за да се влезе во победнички ритам во групата Ц. Но, за бодовите од „Јане Сандански“ да добијат на уште поголема вредност потребно е резултатот од домашен терен „црвено-црните“ дами да го репризираат и во Икаст. Секако, вторите 60 минути со Данките ќе бидат пеколно тешки, особено поради фактот дека пред нивната публика ќе се обидат да докажат дека убедливиот пораз во Скопје е случајност и да ги излечат раните.

Дефанзивната линија треба одново да биде најсилното „оружје“ на македонскиот првак, а покрај ракометарките, кои ќе стојат на линијата од шест метри, главен збор ќе имаат и голманките. Ина Суслина беше одлична на првиот меч, а верува дека ако се повтори играта од Скопје, ЖРК Вардар нема од што да стравува во Данска.

„Победивме во Скопје, одигравме одлично, но јас сум таков карактер и никогаш не сум задоволна затоа што мислам дека секогаш можеме повеќе и подобро. Дома направивме резултат, но тој ништо не значи и мора да се заборави. Ќе биде 100 отсто потешко да се игра на гостински терен. Уверена сум дека Митјиланд ќе има многу посериозен пристап и нема да дозволи да му се случи истото што и во Скопје. Очекувам вистинска борба“, вели Ина Суслина, капитенот на ЖРК Вардар.

Победа во Икаст ќе значи четири бода, со кои Вардарки ќе бидат покомотни и помирни во пресрет на тешкото гостување кај Ѓер, вториот директен конкурент за главната фаза.

„Потребно е да победиме во Данска за да го задржиме темпото, што е особено важно за нас во пресрет на уште едно тешко гостување кај Ѓер, следниот викенд.

Сè ќе зависи од нас. Како ние ќе се поставиме, како ќе го отвориме мечот. Но, ако го имаме истиот пристап како на домашен терен и повеќе тогаш не гледам никаков проблем“, заклучува голманката.

НАСТИНКАТА НЕ Е ПРОБЛЕМ

Суслина доби два дена одмор поради настинка и дури вчера попладнето, на последниот тренинг пред заминувањето за Данска им се придружи на соиграчките.

-Нема проблем. Ова е само настинка. Одморав два дена и доволно е. Се враќам на тренинг комплетно подготвена да дадам максимум против Митјиланд – децидна е Суслина.

ЦЕЛОДНЕВНО ПАТЕШЕСТВИЕ

Вардарки рано изутринава (4:30 часот) го започнаа своето патешествие до Данска. Од Скопје заминуваат со лет за Загреб, од таму имаат уште еден прелет до Копенхаген, за од главниот град на Данска да имаат уште еден лет со аеродромот Билунд. Од Билунд до крајната дестинација Икаст македонскиот првак ќе има уште еден час возење со автобус.

Токму лошите конекции и фактот дека речиси цел ден ќе го загубат во пат е причината што екипата ден порано заминува за Данска, па така в сабота ќе имаат девојките можност да се рехабилитираат од долгата дестинација.

МИТЈИЛАНД РЕМИЗИРАШЕ

Данскиот првак во средата одигра меч од националното првенство кој заврши со реми 26:26 (14:12) против Нук. Митјиланд играше на домашен терен и имаше солидно прво полувреме, но во продолжението ракометарките на Хеле Томсен понудија променлив лик, со подеми и падови во играта, кои на крајот и резултатски се одразија. Нук, кој во моментов е петтопласиран тим во данското првенство, требаше да има статус на второлигаш сезонава, но по откажувања на екипи се врати во најсилното друштво, а во своите редови ги има репрезентативките Кристине Кристијансен и Мете Граволт, како и Бразилката Барбара Аренхарт на голманската позиција.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...