ЖРК ВАРДАР В НЕДЕЛА МУ ГОСТУВА НА МИТЈИЛАНД ВО МЕЧ ШТО ЌЕ ЗНАЧИ МНОГУ ЗА ПЛАСМАНОТ ВО ГЛАВНАТА ФАЗА ОД ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ

Скопска реприза за блесок во Данска

НЕДЕЛА, 17:00
МИТЈИЛАНД – ЖРК ВАРДАР

Вардарки немаат позитивно искуство на теренот во Икаст, со оглед на тоа дека пред две години претрпеа минимален пораз од 25:24, исто така во групната фаза од ЛШ

„Икаст Бранде“ арена во Икаст, Данска. Судии: Шарлот Бонавентура и Жули Бонавентура од Франција. Делегат: Пер Мортен Содал од Норвешка.

На Митјиланд гордоста му е повредена по дебаклот во Скопје и тоа ги прави опасни. Ние сме подготвени на сè, а ако ја повториме играта од првиот меч немаме од што да се плашиме“, смета Андреа Кликовац

Пред една седмица ЖРК Вардар дојде до првите бодови во групата Ц од Лигата на шампионите, кои ќе може да ги пренесе во главната фаза од најсилното европско клупско натпреварување демолирајќи го Митјиланд во Скопје. За бодовите од „Јане Сандански“ да добија поддршка и вистинска тежина, со која и пласманот во продолжението ќе може помирно да се чека, потребно е изданието од минатиот викенд, и играчки и резултатски, да се преслика во „Икаст Бранде“ арената во Данска. Вардарки немаат позитивно искуство од овој терен, со оглед на тоа дека пред две години претрпеа минимален пораз од 25:24, но сега и позицијата која ја имаат, но и ситуацијата е поинаква. Секако дека Митјиланд нема да си дозволи да биде лесен залак, како што тоа беше во Скопје. Сега играат пред својата публика, каде имаат реална шанса да го поправат впечатокот од минатата седмица, кога комплетно беа исфрлени од игра.

„ На Митјиланд гордоста му е повредена по дебаклот во Скопје и верувам дека со нетрпение го чекаат реваншот, што ги прави опасни. Ние немаме позитивно искуство во Икаст, но ако ја повториме играта од првиот меч немаме од што да се плашиме“, смета левиот бек на Вардар Андреа Кликовац.



„ЌЕ ИМА ТЕПАЊЕ“

Цврстата и агресивна одбрана сервирана на „балкански начин“ беше моментот кој го одлучи победникот во првиот дуел, а комплетниот Вардаров табор смета дека одново тој елемент ќе го има главниот збор. Тоа значи голема борба на линијата од шест метри, каде токму Кликовац ја има и најважната задача, како еден од клучните дефанзивни играчи на „црвено-црните“.

„Во Икаст ќе биде петпати потешко отколку во Скопје. Не се сомневам дека Митјиланд ќе се обиде да ги искористи сите средства што ги има на располагање за да нè запре. Но, ние сме подготвени за сè. Верувам дека одново одбраната ќе одлучи. Затоа особено важно е да бидеме сигурни во тој елемент како што бевме во Скопје. Агресивни, силни и единствени, затоа што тоа ќе им донесе сигурност и на голманите, а ќе овозможи и лесни контра и полу-контра напади. Ќе има тепање, тука нема сомнеж, но верувам дека со наше комплетно залагање и ако ја повториме играта од првиот дуел, резултатот нема да биде доведен во прашање“, заклучува Кликовац.

СТАРТОТ Е НАЈВАЖЕН

Најефикасната ракометарка на Вардар во првиот дуел, Андреа Пенезиќ, најави дека ќе биде многу важно како ќе се влезе во првите 15 минути од мечот, а со тоа се согласува и стратегот Индира Кастратовиќ.

„Ако тргнеме како на првиот натпревар, со перфектна одбрана и сигурен напад, тогаш не гледам со што противникот би нè запрел. Свесни сме дека имавме и моменти на криза, кога тие ја сменија одбраната во 5-1, но мислам дека извлековме поука и нема да дозволиме грешките да ни се повторат“, потенцира Кастратовиќ.

ЗНАЧАЈНИ БОДОВИ

Во групата Ц уште од самиот старт јасно е дека „триаголникот“ Вардар – Ѓер – Митјиланд е тој што ќе одлучува за конечниот изглед на табелата, со оглед на фактот дека и самите резултати покажаа дека Хипо е дефинитивно надвор од конкуренција. Трката е да се заврши со што можно повеќе бодови кои ќе се пренесат во следната фаза, што ќе овозможи порелаксирана пролет за екипите. Ѓер сигурно по дуелот со Хипо викендов ќе има 6 бода, но прашањето е дали Вардарки ќе ги следат во чекор. А, на „црвено-црните“ дами им е потребно тоа, да ја задржат победничката серија и потоа растоварено да заминат за Унгарија, каде ќе имаат долг за враќање, кој може и да биде клучен за лидерската позиција во групата Ц. Во спротивно, пораз или реми во Данска би значело дека по потешкиот пат ќе треба да дојдат до посакуваните позиции.

В. Н.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...