Вардарци испуштија бод од свои раце

Македонскиот првак РК Вардар во неизвесна завршница загуби на гостувањето кај Рајн Некар Левен со 28:27. Нашиот најдобар колектив немаше среќа во премиерниот за нив натпревар во 2016 година во Б групата од Лигата на шампионите. По одличниот прв дел, Вардарци покажаа дека имаат сили да му парираат на фаворизираниот противник, но на крајот сето тоа не беше доволно. Целиот меч се сведе на Матјаж Брумен, кој во последните секунди не успеа да погоди за израмнување, кое на крајот ќе беше најреално.

Првиот напад нашиот шампион не го реализира, додека на спротивната страна Пекелер од шест метри отвора за 1:0 во корист на Германците. Првиот гол на Вардарци падна преку Харбок, кој со одличен скок од девет метри веднаш донесе израмнување. Лошата поставеност во одбраната на Абутовиќ и Циндриќ умешно ја искористи Егдан за ново водство на „Лавовите“, овој пат од 2:1 во четвртата минута. Егдал ја користи празнината меѓу Абутовиќ и Циндриќ и носи предност за 2:1. По грешките на двете страни, Шишкарев преку полуконтра од десната бековска позиција стрела за 2:2, а по успешно реализираните напади на Вардар и Рајн Некар резултатот повторно е израмнет (3:3).

ДВОЕЦОТ ШТЕРБИК-ДУШЕБАЕВ НОСИ ПРЕДНОСТ



Шпанскиот репрезентативен голман меѓу Вардаровите диреци, Арпад Штербик во стартните минути не успеа да забележи одбрана, но полека влезе во препознатлив ритам. Сето тоа знаеше да го валоризира Лука Циндриќ кон носи прво „црвено-црно“ водство, кое беше зголемено на 5:3 од страна на Душебаев. Одбраната во формација од 5-1 донесе резултати, додека Штербик стигна до бројката од четири одбрани, нашиот тим ја одржуваше предноста. Сепак, малиот пад во играта го искористи Шмит, кој со два „проектили“ од девет метри повторно израмни, сега на 7.7. Во тој период, Душебаев ги презема работите во свои раце, и со четирите свои погодоци, поддржан од Тоскиќ го носи Вардар на предност 10:7 во 19. минута.

СТАБИЛНИ НА „ПЛУСОТ“

По набилданата предност „црвено-црниот“ тим успешно ја одржуваше истата. На секој предизвик, зададен или од домаќините или, пак, од страна на судиите, во вид на двеминутна суспензија, Вардар успеваше да се врати. Најпрвин Циндриќ во фуриозна акција, односно Харбок во два наврати, го оставија Вардар на предност од три голови разлика Циндриќ во една фуриозна соло акција, а подоцна и Харбок на два наврати го оставија Вардар на 13:10. Во меѓувреме на 23. минута, на голот на германскиот тим застанува Борко Ристовски.

РИСТОВСКИ ГИ ВРАЌА „ЛАВОВИТЕ“ ВО ЖИВОТ



Иако во дресот на нашата репрезентација се радувавме за интервенциите на Ристовски, сепак, на вчерашниот натпревар тие значеа и враќање на живот на домашниот тим. Па така по предноста од 15:12, првата негова одбрана која беше во 28. минута ја надомести Егдал (15:13). За подоцна Борко успешно да го скроти и последниот наш напад во првиот дел, а одличната фрлена топка на Македонецот, повторно ја искористи Егдал, кој го постави конечниот резултат по првиот дел (15:14).

ПОВТОРНО НЕИЗВЕСНОСТ

Почетокот на второто полувреме припадна на домашниот тим, кој преку Гензајмер со удар од седум метри израмни на 15:15. Првиот погодок во продолжението вардарци го постигнаа благодарение на Харбок и тоа во 34. минута. Веднаш по тоа нашиот шампион се одвои повторно на „плус“ два, откако Дибиров беше успешен реализатор на два седмерци за водство од 18:16.

БЕЗ ИДЕЈА ВО НАПАДОТ

Повторно направената залиха ни даде надеж дека Вардар е во одлична позиција за добивање на натпреварот. Сепак, серијата од 3:0 на домашниот тим предводена од Ларсен и Шмит носи целосно резултатско „вртење“ во 47. минута. Од друга страна, пак, нашиот шампион имаше проблеми со реализацијата, а свој удел во сето тоа имаше и Ристовски, кој набрзина собра шест интервенции. Постот беше прекинат од страна на Харбок, кој на сила успеа некако да ја втера топката во голот за 23:22 во корист на Рајн Некар.

„ТОРПЕДАТА“ НА ШМИТ ГО УНИШТУВААТ ВАРДАР

Во одлучувачките моменти, проработеа далечинските удари на Шмит, кој го понесе товарот на своите раце. Најпрвин тој го погоди пеналот по кој Македа доби исклучување (25:24), но и со играч помалце Циндриќ направи вишок за 25:25. Повторно Германецот носи предност, која сега е анулурана од Тимур Дибиров и резултатот повторно е израмнет. Така беше сè до 58. минута, каде што на секое „торпедо“ од Шмит кој стигна до бројката од 10 голови, Вардар имаше решение.

БРУМЕН СО ПРОМАШУВАЊЕ ВРЕДНО РЕМИ



Последниот гол на „лавовите“ беше дело на кој друг ако не на Шмит за 28:26, а на минута ипол Циндриќ, кој имаше блескава партија намали на 28:27. Лошоорганизираниот напад на Рајн Некар го доведоа Вардар во последната минута до можност за реми. Најпрвин ударот на Харбок го одбрани Апелгрин, но топката заврши во аут. На 30 секунди до крајот, одлична акција на Вардарци до Брумен, кој од речиси перфектна позиција не успеа да постигне гол, односно му дозволи уште една интервенција на Швеѓанецот за конечни 28:27.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...