Вардарово искачување кон врвот

ДЕНЕСКА
САВЕХОВ – ЖРК ВАРДАР 19:00 ч.
Сала: Палата на спортови во Партиле. Капацитет: 2.000 гледачи. Судии: Цаферопулос и Бетман од Грција. Делегат: Калев Вентсил од Естонија

1 – Доколку македонскиот тим дојде до двата бодови, барем во наредните 48 часови ќе биде на лидерското место во втората група со 14 бодови. За да остане сето тоа така и по крајот на групната фаза потребни се порази на Будуќност и Ѓер, што е тешко остварливо

2 -Бројот на победи кои ЖРК Вардар ги има остварено против Савехоф. Првата е во 2014, додека последната беше пред неполн месец кога во „Јане Сандански“ шведскиот тим изгуби со 37:25

54 – Со постигнати 54 погодоци, Андреа Пенезиќ е најефикасниот играч на Вардар во најелитното клупско натпреварување. Хрватската репрезентативка се наоѓа на 11. место на овој ранкинг на ЕХФ

62 – Кога сме кај погодоците, најрасположен играч кај Савехоф е Јулија Ериксон со 62 голови, Швеѓанката со тоа котира на високото шесто место

101 – Јасно е дека проблем за Вардар се гостувањата. На четири натпревари имаат по две победи и исто толку порази со скор од постигнато 101 погодок. Статистиката е подобрена благодарение на последниот блескав настап против ЧСМ Букурешт каде што нашиот тим победи со 30:25

2.000 – Иако има капацитет од само 2.000 гледачи, Палатата на спортовите во Партиле претставува едно прекрасно здание. Впрочем, за тоа говори и фактот дека има висока А оцена од ЕХФ

* Триумфот од денешниот меч за Вардар ќе биде четврти едноподруго тоа ќе биде маестрален начин за завршување на групната фаза од најелитното натпреварување

Последната битка од групната фаза на Лигата на шампионите, ЖРК Вардар ја има вечерва (19:00 ч.) на гостувањето кај Савехоф. За разлика од последната нивна средба, расположението и самодовербата кај „црвено-црниот“ тим, е на многу повисоко ниво, откако беа остварени три победи од исто толку натпревари. Со тоа, од борба за третото, Вардар сега со два бода има можност барем накратко да се искачи на лидерското место во втората група со 14 бодови.

„Јасно е дека формата и самодовербата се на наша страна, впрочем ние имаме три едноподруго победи и навистина би сакале да дојдеме до четвртата, а со тоа успешно да ја завршиме групната фаза. Савехоф е добро познат противник и знаеме дека квалитетот е на наша страна, но нема потценување, а сето тоа ќе мораме да го докажеме и на теренот. Тие играат класичен скандинавски ракомет, со многу брзи акции и имаат млад тим. Верувајте доколку го задржат костурот, за некоја година ќе бидат далеку подобри. Нам ни останува да одиграме добра одбрана, доколку го направиме тоа бодовите ќе дојдат лесно“, порача десниот бек Андреа Кликовац.

Надеж дека би можело да дојде до подобрување на позицијата пред четвртфиналните натпревари има и Андреа Лекиќ.

„Ова е навистина важен натпревар за нас бидејќи на крајот можеме да бидеме втори или, пак, со некое чудо да завршиме како лидери. Имаме серија од три одлични средби и желбата е со победа да ги завршиме натпреварите во групната фаза. Противникот не е важен, важни сме ние и нашата претстава. Атмосферата е на високо ниво што можеше да се види и против Будуќност. Савехоф е добар тим што исто така се наоѓа во одлична форма. Тоа се покажа и на последниот натпревар против Ѓер каде што се држеа до самиот крај. На теренот ќе излезат без притисок и не би имало смисла да си дозволиме луксуз“, истакна плејмејкерот Андреа Лекиќ.

ПРВО МЕСТО – НЕДОСТИЖНО
ВТОРО МЕСТО - РЕАЛНОСТ

Јасно ни е дека според формата и квалитетот, бодовите би требало лесно да припаднат на Вардар, па затоа може да се направат одредени математики за завршното место во втората група. Со два бода вардарки ќе избијат на лидерското место, барем накратко, но истото да се задржи е речиси невозможна мисија. Пред сè поради фактот што Будуќност, на домашен терен игра против Митјиланд. Сите тие што имаат мало познавање од ракометот ќе сфатат дека победа на црногорскиот тим со огромна разлика е очекувана. Додека, пак, реми или гостинска победа ќе биде голема сензација. Далеку пореално изгледа можноста за втората позиција. За тоа ќе биде потребен успех на ЧСМ Букурешт против Ѓер. Двата колективи се израмнети, особено поради фактот дека романскиот тим го има епитетот на домаќин. Нивна победа, иако истата не би им го подобрило четвртото место е нешто што може да се очекува. Доколку се заврши на ова место, Вардар во елиминациската фаза ќе сочека да види како ќе се одвива борбата за третото место во првата група. Таму со 10 бодови на делба на второто место се наоѓаат Флери, Баја Маре и Ларвик.

КОЈА СЕРИЈА ЌЕ СЕ ПРЕКИНЕ?

Во последниот месец и двата тима покажаа дека се наоѓаат во добра форма, а тоа особено важи за Вардар. Како што е познато, „црвено-црниот“ тим се наоѓа во серија од три победи и тоа токму над Савехоф (37:25), ЧСМ Букурешт (30:25) и Будуќност (26:24). Додека, противникот има четири успеси од четири натпревари и тоа на домашен терен во 2016 година. Три од нив се забележани во шведската лига, каде што Савехоф е лидер со 36 бодови. Митјиланд е тимот кој падна пред шведската публика. На средбата одиграна пред 16 денови, Савехоф победи со 32:24.

И покрај разликата во квалитет, вардарки својата доминација и супериорна форма ќе мора да ја потврдат и на теренот. Со тоа би стигнале до четвртата победа по ред, нешто што пред повеќе од еден месец изгледаше тешко остварливо.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ (Ж)
РАСПОРЕД ЗА 10. КОЛО
ГРУПА 1
САБОТА (27.02.2016)
ФТЦ – Баја Маре 14:30 ч.
НЕДЕЛА (28.02.2016)
Турингер – Ростов Дон 24:00 ч.
Флери – Ларвик 15:15 ч.
ТАБЕЛА
1. Ростов Дон 9 8 1 0 249:209 17
2. Ларвик 9 5 0 4 250:235 10
3. Баја Маре 9 5 0 4 241:226 10
4. ФТЦ 9 4 2 3 261:254 10
5. Флери 9 2 2 5 224:252 6
6. Турингер 9 0 1 8 216:265 1
ГРУПА 2
ДЕНЕСКА
ИК САВЕХОФ – ЖРК ВАРДАР 19:00 ч.
НЕДЕЛА (27.02.2016)
ЧСМ Букурешт – Ѓер 16:00 ч.
Будуќност – Митјиланд 17:00 ч.
ТАБЕЛА
1. Будуќност 9 6 1 2 237:190 13
2. Ѓер 9 6 1 2 228:208 13
3. ВАРДАР 9 6 0 3 241:220 12
4. ЧСМ Букурешт 9 4 1 4 220:215 9
5. Митјиланд 9 2 1 6 199:234 5
6. Савехоф 9 1 0 8 199:257 2



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...