Вардар остана и без капитенот Лазаров

На Вардаровите проблеми со повредените играчи, никако да им дојде крај. Откако нашиот шампион остана без Сергеј Харбок, во наредниот период ќе мора да игра и без својот капитен Филип Лазаров. Левиот бек на вардарци, на еден од последните тренинзи го скршил палецот на десната рака и поради тоа ќе паузира во наредните од три до пет седмици. Тоа значи дека „црвено-црниот“ тим во периодот кога ги има најважните натпревари пред себе, ќе остане без уште еден играч. Двомечот против Висла Плоцк е веќе пропуштен, истото важи и за фајнл-фор турнирот од СЕХА Лигата.

„Според првичните информации, надвор од терените ќе бидам од три до пет седмици. Сепак, дополнителни потешкотии создава фактот дека се работи за најважниот прст од шутерската рака, па затоа мора да се биде многу внимателен со оваа повреда. Осминафиналето од Лигата на шампионите дефинитивно го пропуштам. Истото важи и за настапот на фајнл-фор турнирот од СЕХА Лигата“, вели Лазаров.



Турнирот од регионалното натпреварување кој ќе се одигра во Вараждин, Хрватска, е закажан за стартот на идниот месец.

БЕЗ ЛЕВ БЕК ПРОТИВ ВИСЛА

Повредата на Лазаров, за Вардар значи дека на натпреварот за два дена, ќе мора да настапи без играч на левата бековска позиција. Претходно, на натпреварот со Монпеље, Сергеј Харбок го истегна левиот бутен мускул. Додека,Александар Деревен цела сезона мака мачи со повредите. Како бек-ап на ова место би можел да биде Илија Абутовиќ, но јасно е дека оваа позиција е дефицитарна во моментите кога се одлучува сезоната.

ПРОБЛЕМ И ЗА МАКЕДОНИЈА

Покрај пропуштањето на натпреварите на Вардар, левиот репрезентативен бек, најверојатно, нема да настапи и за Македонија, на квалификацискиот турнир за Олимписките игри.

„Веќе е јасно дека нема да можам да бидам во состојба да му помогнам на мојот тим, сепак, голема е веројатноста дека ќе го пропуштам и квалификацискиот турнир за Олимпијадата, сепак, сето тоа ќе се знае за две седмици“, кажа нашиот репрезентативец.

Турнирот во Гдањск се игра во периодот од 8 до 10 април, а нашата репрезентација, покрај домаќинот Полска е во група со Тунис и Чиле.



НА ПОВРЕДИТЕ ИМ НЕМА КРАЈ

Во вториот дел од оваа сезона тренерот на Вардар, Раул Гонзалез, има големи главоболки со повредените играчи. Покрај Харбок и Лазаров, кои во моментов се членови во „болницата“, претходно „друштво“ им правеа Арпат Штербик, кој сè уште е недоизлечен од повредата на ахиловата тетива, како и Игор Карачиќ, кој по завршувањето на Европското првенство имаше операција на хематом на тестисите. Единствено, Стојанче Стоилов и Дејан Манасков паузираа две седмици, поради инцидентот по завршувањето на континенталниот шампионат.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...