Нема да ја потцениме Висла

Плоцк, 15 март 2016 (МИА) – Македонскиот ракометен првак Вардар утревечер го очекува првиот дуел од осминафиналната пресметка во Лигата на шампионите со Висла Плоцк, а пивотот на „црвено-црните“ Стојанче Стоилов повикува на претпазливост и максимално залагање во текот на сите 60 минути.

- Се надевам дека ќе одиграме добро. Полјаците се незгоден противник и не смееме никако да ги потцениме. Минатата година имавме тежок натпревар таму, мислам дека се случи токму тоа, ги потценивме и тоа ни се удри од глава. Има квалитет кај нас, но имаме и некои проблеми со повредени играчи, се надевам дека тоа нема да влијае на резултатот, вели Стојанче Стоилов.

Вардарци на гостувањето во Полска одат во добра форма, по три победи и ремито со Веспрем, додека Висла го победи Кјелце во домашното првенство пред само два дена.

- Со Кјелце немаа некој резултатски притисок и можеби поради тоа победија. Кога мора да победите друг е притисокот, тогаш е многу потешко. Мислам дека оваа година Висла е малку подобра од лани, но ние сме попаметни и поискусни за една година и се надевам дека ја научивме лекцијата и дека ќе ги сфатиме максимално сериозно, истакна Стоилов.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...