Карачиќ: Во реваншот да го поправиме впечатокот

Откако ја испуштија шансата уште на првиот меч против Висла, да го потврдат пласманот во понатамошниот дел од Лигата на шампионите, вардарци ќе мораат тоа да го сторат во реваншот. Натпреварот во „Јане Сандански“, не само што ќе однесен еден тим во четвртфиналето туку ќе потврди дали Вардар е подготвен да се носи со психолошкиот притисок. Можноста за да се избегнеше сето тоа е испуштена со лошата претстава во финишот на средбата во Полска. Предноста од четири голови разлика беше неутрализирана, за на крајот Вардар да остане само со нерешен резултат. И покрај овој факт, претставата на македонскиот шампион во поголемиот дел од мечот беше на високо ниво, а на теренот брилјираше Игор Карачиќ. Плејмејкерот на нашиот колектив покажа дека неодамнешната операција е зад него.

„Пред заминувањето во Полска кажав дека ние сме поискусна екипа од минатата година. А со играта на теренот мислам дека покажавме. Во првиот дел иако имавме предност, дозволивме Висла да поведе. Но, во продолжението игравме феноменално, но, за жал, на крај не успеавме да дојдеме до целиот плен. Нерешениот исход е позитивен резултат, но, Висла не смее никако да се потцени. Ние на домашен терен сме тим, кој доколку игра добро, може секого да победи. Со добра игра и предводени од нашите фанови ќе имаме доста добри шанси за да обезбедиме пласман понатаму“, истакна Игор.

Реванш мечот меѓу Вардар и Висла Плоцк ќе се игра на 26 март, од 17:30 часот.



ГРЕШКИТЕ НЕ СМЕАТ ДА СЕ ПОВТОРАТ

На три минути до крајот, Вардар имаше предност од четири голови разлика и се наоѓаше во добитна позиција. Сепак, со неколку лесно продадени топки, Висла се врати во „живот“ и успеа да извлече реми.

„Во последните моменти од мечот ние направивме четири голови разлика, сепак, кога требаше да ја потврдиме победата, ние имавме грешки во нападот, а домашниот тим тоа го искористи. Вакви киксови веќе не смеат да ни се случуваат веќе бидејќи како што одминува времето мораме да бидеме посигурни“, заклучи Хрватот.

РИСТОВСКИ И МАРКОСКИ ДЕНЕСКА НА МЕГДАН

Денеска продолжуваат активностите од осминафиналето во Лигата на шампионите, а како еден од поинтересните натпревари, барем за нас, е тој меѓу ППД Загреб и Рајн Некар Левен (20:00 ч.). Односно, судирот на двајцата македонски репрезентативци, Велко Маркоски и Борко Ристовски. „Плинарите“ ќе се обидат да направат изненадување и да го совладаат големиот фаворит. Кога сме кај нашите репрезентативци во Лигата на шампионите, капитенот Кире Лазаров со својата Барселона, настапите ќе ги продолжат во четвртфиналето од ова натпреварување, откако во групната фаза финишираа убедливо на првото место.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...