Најдоброто следува, време е за Ф4

Цела сезона на „црвено-црните“ дами одново се сведува во два натпревари и во два дена. Подготвени за се финалниот чекор на европската клупска сцена

По машките возбудувања од Лигата на шампиооните, главното светло во македонскиот ракомет се сели на женската клупска сцена со ЖРК Вардар во епицентарот. Трета година во низа „црвено-црните“ дами нè носат на завршницата во Лигата на шампионите, на Ф4 во Будимпешта на 7 и 8 мај.



По сите подеми и падови, турбуленции во играта и изгледот на теренот, се чини дека во последниве месеци екипата вистински се најде себеси и сега е насочена кон една единствена цел, полуфиналето со ЧСМ Букурешт и чекор напред од ланското издание на европската клупска сцена.

За разлика од минатата година, вардарки овој пат немаа подготвителни натпревари и практично се речиси еден месец без меч зад себе, но, тоа впрочем и стана навика бидејќи во изминатиот дел од сезоната играа средби само од најелитното клупско натпреварување.

„Дојде време за тоа што го чекаме веќе цела година. Се подготвуваме за Ф4, противникот сите го посакувавме, но не смееме да го потцениме. Од сите останати три екипи, кога би ме прашале која ја сакам, нормално дека ќе го одберам Букурешт, бидејќи Будуќност е освојувач на титулата во ЛШ, Ѓер исто така е силен тим а воедно е и домаќин, па затоа логично е да се избере овој противник. Во ниту еден момент ние не се опуштаме и знаеме дека нема да биде воопшто лесно. Секоја екипа која што е на фајнл-форот е за респект и сите кои се таму се заслужено. Како и секогаш пресудна ќе биде нашата дисциплина и одбрана“, децидна е Индира Кастратовиќ, тренерот на Вардар.



ЛЕКИЌ: МОРАМЕ ДА БИДЕМЕ СТРПЛИВИ

Самите Вардарови ракометарки свесни се за шансата која ја имаат и за можноста за пласман во толку посакуваното финале. Лидерот на тимот, Андреа Лекиќ, која зад себе има веќе неколку фајнл-фор турнири, е претпазлива во најавите, и покрај тоа што „црвено-црните“ веќе оваа сезона во два наврати го победија ЧСМ Букурешт.

„Искрено ова ќе биде сосем различен меч од претходните два кои ги добивме, сигурно дека сите се надеваме и размислуваме само на победа. Ќе биде тешко, бидејќи овдека ќе одлучува еден гол, грешка или, пак, голманска интервенција затоа мораме да бидеме стрпливи. На овој Ф4 тие ќе бидат засилени бидејќи им се врати Лине Јоргенсен, со што се менува нивната концепција во напад. Ние се подготвуваме детално во овие денови и сметам дека сме спреми и возбудени, бидејќи едвај чекаме да дојде викендов“, кажа Лекиќ.



ЕКИПАТА Е КОМПЛЕТНА

Радосна вест за целиот стручен штаб е тоа што ниту една од ракометарките не отсуствува поради повреда. Екипата е комплетна, а тренерскиот двоец Кастратовиќ-Дејвис ќе го има на располагање целиот свој арсенал, што е важно во вакви одлучувачки натпревари.

Од спротивниот табор, во романскиот тим се радуваат на фактот дека во тимот се врати Лине Јоргенсен, која се повреди на последното Светско првенство.

„Навистина е одлично што ќе бидам дел од овој турнир. Повредата е веќе зад мене и се надевам дека ќе направиме добар резултат во Будимпешта. Вардар оваа сезона двапати нè совлада, но, сега велам дека ќе биде поинаку, впрочем и нивните ракометарки се свесни за тоа“, кажа Јоргенсен за романските медиуми.

Вардарки веќе работат на аклиматизација за „фајнал-форот“, па така тренинзите им се во периодот кога го играат полуфиналниот меч со Букурешт, од каде што се надеваат дека на крајот ќе заминат со кренати глави, а со тоа да изборат пласман во финалето, кој би бил прв во историјата на клубот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...