Финалето за ЖРК Вардар остана само сон

Трета година по ред, ЖРК Вардар не успева да избори пласман во финалето, откако овој пат изгубија од ЧСМ Букурешт со во полуфиналниот натпревар.

Што да се каже на ваквата вардарова претстава, која беше под секое можно ниво. Иако важеа за големи фаворити, тоа не само што не успеаа да го покажат на теренот, туку едноставно се посрамотија. Против тимот кој во оваа сезона беа остварени две победи, од која втората среде Романија беше убедлива, со сега се изгуби со огромна разлика.

Иако Вардар поведе, сепак гостите тотално го надиграа нашиот шампион и по 10 минути водеа со 1:7. Андреа Лекиќ од полуконтра го прекина постот (2:7) на Вардар кој траеше неверојатни 13 минути. Грешките во нападот се зголемуваа, а со тоа беше се поизвесно дека предноста на противникот нема да биде значително намалето. Вардар едноставно беше само бледа сенка на тимот кој убедливо го победи Букурешт среде Романија. До крајот на полувремето, Шампионот на Романија ги одигра почетните 20. минути во транс постигнувајќи 10 голови. Едноставно ништо не функционира во играта на македонскиот тим, кој е бледа сенка од тоа што го прикажа против Ларвик, па и против овој денешен опонент. Киксовите во нападот се зголемуваа а исто така и „минусот“ на контото на Вардарки. Андреа Лекиќ „продаде“ лесна топка на противникот, кој преку Лине Јоргенсен во 24. минута поведе со 13:06. Вардар конечно врза два едноподруго голови, откако Амандин Лејно конечно почна да брани, истите беа дело на Андреа Кликовац и Ања Алтаус за намалување на негативата на 09:14.

Продолжението беше идентично како и првиот дел, голем број на грешки, овој пат од двете страни, што никако не идеше во наша корист. Амандин Лејно беше единствената светла точка, бидејќи за краток временски период нанижа пет одбрани.



Првиот гол во второто полувреме беше дело на Изабел Гулден и тоа во 35. минута за 15:09. „Десетката“ за вардарки беше дело на Дембеле при резултат 15:10. Дека финалето е невозможна мисија беше јасно по промашениот пенал на Маја Сокач, а Родригез веќе во следната атака погоди за 16:10. Највисоката предност која изнесуваше 11 голови, ЧСМ Букурешт ја имаше со погодокот на Брадеану (11:21) од пола терен во 43. минута.

Лејно повторно стапи на сцена со својата деветта одбрана и даде нов придонес во намалување на негативата од 14:22. Иако сите го очекувавме, сепак подобрување во играта и во двата сегменти немаше, но, сепак негативата беше намалена, пред се поради податокот на одбраните на Лејно, како и одморањето на неверојатната Јелена Грубишиќ. Конечниот резултат изнесуваше 26:21 со што, ЧСМ Букурешт дојде до своето прво финале во историјата на клубот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...