Црвено-црн покер

Вардарки немаа никаков проблем против Металург со што дојдоа до четвртиот трофеј во Купот на Македонија во нивната историја

Како што можеше и да се очекува, екипата на ЖРК Вардар без проблеми го одбрани трофејот во Купот на Македонија, во женска конкуренција. На „фајнл-фор“ турнирот во салата „Автокоманда“, дојде и четвртата титула откако во финалето беа подобри од Металург со убедливи . Уште пред почетокот на завршницата, јасно беше дека вардарки во моментов се без конкуренција, барем кога се во прашање останатите екипи од Македонија. И без четирите ѕвезди во тимот, Ања Алтаус, Андреа Лекиќ, Јованка Радичевиќ и Барбара Лазовиќ, актуелниот шампион немаше проблеми со предизвикувачот.

Уште на самиот почеток на финалниот натпревар, „црвено-црните“ создадоа разлика, која во секој напад се зголемуваше. Андреа Човиќ го реализираше првиот напад за 1:0, додека на голот Ина Суслина набрзина „собра“ два пенали зад своето име и им даде уште поголем мотив на ѕвездите во нападот. Првиот гол, ракометарките на Металург го постигнаа за резултат 5:1 и тоа во осмата минута, а стрелец на истиот беше дело на Андреа Белеска.

Како што одминуваше времето, домаќинот на овој турнир немаше идеја во нападот, а на спротива практично секој вардаров шут, завршуваше во голот. Така, веќе во 16. минута, со погодокот на Черноиваненко, ЖРК Вардар дојде до првата двоцифрена предност (14:4). До крајот на полувремето, шампионот стигна до котата од 23, додека Металург во првите 30. минути забележа само осум голови.

Во второто полувреме, за очекување беше дека Вардар нема да продолжи во истиот ритам и тоа и се случи. Подоброто продолжение за „металурзите“ значеше и одржвање на „минусот“ од првиот дел. Офанзивниот дел почна да ги реализира шансите, но, сето тоа веќе беше прекасно за било каков пресврт. На крајот, конечни 21:39 за Вардар, кој дојде до четвртиот трофеј од Купот на Македонија во својата историја, односно трет едноподруго. Првиот ваков наслов беше забележан во далечната 1994 година.

ЖРК МЕТАЛУРГ - ЖРК ВАРДАР 21:39 (08:23)

Кометал Ѓ. Петров (1993, 1995, 1996, 1997, 1998, 1999, 2000, 2001, 2002, 2003, 2004, 2005, 2006, 2007, 2008, 2009),

Металург (2010, 2011, 2012, 2013)

Вардар (1994, 2014, 2015, 2016)



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...