Рио 2016: Свечено отворени 31. Летни Олимписки игри

Со спектакуларна церемонија на стадионот „Маракана“ во Рио де Женеиро ноќеска свечено беа отворени 31. Летни Олимписки игри.



Ова се први Игри што се одржуваат на јужноамериканскиот континент.

Македонија во Рио ќе ја претставуваат шест спортисти, а македонското знаме на дефилето на отворањето го носеше пливачката Анастасија Богдановски.



На овие Игри присутни се спортисти од 206 национални олимписки комитети, а своето прво учество ќе го имаат Косово и Јужен Судан.



Со намален буџет и значително помалку средства во однос на Лондон пред четири години, организаторите организираа одлична церемонија на свеченото отворање во која доминираа три теми – екологијата, различноста и радоста.



Немаше елементи од краневалскиот дел од Рио, поради тесните тунели на стадионот, а немаше нити бина и се беше на едно ниво на земја. Повеќе од 35.000 професионалци беа вклучени во церемонијата на отворањето, како и 12 школи на самба со повеќе од 5.500 костими.



Свое место на церемонијата имаше и познатата „Девојка од Ипанема“. Режисерот на филмот „Градот на боговите“, Фернандо Меирелеш заедно со колегите Андруч Вадингтон и Даниел Томас беа задолжени за организацијата.

Дел од отворањето беше и една од најпознатите манекенки на светот и една од „амбасадорите на Бразил“ Жизел Бундшен. Од здравствени причини го немаше еден од најдобрите светски фудбалери Пеле.


Игрите за отворени ги прогласи привремениот претседател на Бразил Мичел Тимер, а олимписката заклетва во името на спортистите ја даде бразилскиот спортист во едрење Роберт Шет, учесник на пет Олимписки игри.



Олимпискиот пламен на стадионот го внесе поранешниот тенисер Густаво Куертен, а го запали бразилскиот маратонец Вандерлеј Кордеиро де Лима.





Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Отишол Мујо на плажа, на Копакабана. Таму полно згодни женски, ама ни една не сака ни да го погледне. Му се пожалил иа еден од капачите, а овој го подучил:
"Земи една краставица...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...